Англија

земја во состав на Обединетото Кралство From Wikipedia, the free encyclopedia

Англија
Remove ads

Англија (англиски: England) — најголемата држава во рамките на Обединетото Кралство. Во неа живее повеќе од 83% од населението на Обединетото Кралство, и го зафаќа поголемиот дел од островот. Таа граничи со со Шкотска на север и со Велс на запад.

Кратки факти Англија England, Службен јазик ...
Remove ads

Историјата на името Англија

Англија е именувана по Англос (Стар генитив на англискиот јазик, Енгла, па оттука староанглиски - Енгла ланд/Engla Land), едно од Германските племиња верувале дека потекнуваат во Ангелн во северна Германија, кои потоа се доселиле во Англија во 5 и 6 век. Оттука доаѓа и латинското име Англија/Anglia. На почетокот Англија била географски термин но не и држава, сè додека одделните кралства се обединиле под кралот Васекс во 10 век. На кратко обединета Англија потпаднала и под Данска власт под кралот Кнут, а потоа се одметнала и прогласила независност, пред повторно да е освоена од Војводата од Нормандија во 1066.

Remove ads

Политика

Седиштето на владата и на кралското семејство се наоѓа во Лондон. За разлика од Шкотска, Велс или Северна Ирска, Англија нема ни свој парламент ни своја влада. Нивната улога ја презеле Парламентот и централната Влада. При тоа е вообичаено за прашања кои директно ја засегаат Англија, делегатите од другите земји не гласаат во парламентот.

Хералдика

Англиското знаме, познато и како Крстот на Св. Ѓорѓија, претставува црвен крст на бела основа.

Другиот хералдички симбол е тудорската роза и три лава.

Административна поделба

39 историски грофови (англ. Counties)

Тие 39 историски грофови постојат од доцниот среден век. Од половината на 20 век, грофовите имаат улога како административни подрачја, кои неколкупати се реорганизирани.

Современа административна поделба

Во текот на 20 век, административната поделба е делумно прилагодена на новонастанатите големи градови. На тој начин се променуваат и границите на наведените 39 историски грофови. Така на пример во 1965 се создава административен центар - Голем Лондон.

Видете: Церемонијални англиски грофовии

Англија се дели и на региони. За поподробно, видете: Региони во Англија

Remove ads

Поголеми градови во Англија (во илјади)

Remove ads

Англија како тема во уметноста и во популарната култура

  • „На одреден остров“ — песна на аргентинскиот писател Хорхе Луис Борхес.[1]
  • „Седумнаесет отруени Англичани“ - расказ на колумбискиот писател Габриел Гарсија Маркес [2]
  • „Англија“ (англиски: England) — песна на британската панк-рок група Адиктс (The Adicts) од 1981 година.[3]
  • „Нова Англија“ (англиски: New England) - песна на британскиот рок-музичар Били Брег (Billy Bragg) од 1983 година.[4]
  • „Нешто за Англија“ (англиски: Something About England) - песна на британската рок-група Клеш (The Clash) од 1980 година.[5]
  • „Нека се тресе Англија“ (англиски: Let England Shake) - песна од истоимениот музички албум на британската рок-музичарка ПЈ Харви (PJ Harvey) од 2011 година.[6]
  • „Англија“ (England) - песна на британската рок-музичарка ПЈ Харви (PJ Harvey) од 2011 година.[6]
  • „Америка и Англија (Ќе биде земја пролетерска)“ (Amerika I Engleska (Biće Zemlja Proleterska)) - песна на црногорскиот музичар Рамбо Амадеус од 1989 година.[7]
  • „Англиските градови“ (англиски: English Towns) — песна на британската рок-група Стренглерс (The Stranglers) од 1977 година.[8]
  • „Англиска шема“ (англиски: English Scheme) - песна на британската рок-група Фол (The Fall) од 1980 година.[9]
  • „Продавајќи ја Англија за една фунта“ (англиски: Selling England by the Pound) - албум на британската рок-група Џенезис (Genesis) од 1973 година.[10]
Remove ads

Поврзано

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads