Безистен (Прилепец)

археолошко наоѓалиште кај Прилепец, Прилепско From Wikipedia, the free encyclopedia

Remove ads

Безистеннаселба од бронзеното време, населба со некропола од хеленистичкото и римското време кај селото Прилепец, Прилепско.[1]

Повеќе информации Основни податоци ...

На висорамнинка 1 км југозападно од селото, со ерозијата на земјата се откриени повеќе камени секири со отвор за држалка, фрагменти од керамички садови и бронзени предмети. Исто така се најдени надгробни стели, македонски и римски монети, темели од објекти и делови од мозаични подови. Во 1928 г. Н. Вулиќ откопал помала гробница градена од кршен камен и варов малтер, и во неа саркофаг.[1]

Наодите се чуваат во Заводот и музеј во Прилеп и во Музејот на Македонија во Скопје.

Remove ads

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads