Прилепец

село во Општина Прилеп From Wikipedia, the free encyclopedia

Прилепецmap
Remove ads

Прилепец — село во Општина Прилеп, во околината на градот Прилеп.

Кратки факти
Remove ads

Географија и местоположба

Селото Прилепец е планинско село. Се наоѓа на Дрен Планина, јужно од градот Прилеп. Соседни населби се Волково и Чумово.

Историја

Thumb
Споменик во Прилепец посветен на деветтемина борци од партизанскиот одред „Ѓорче Петров“ кои на 19 декември 1942 година откако беа предадени загинаа во борба против бугарската војска и полиција

Во XIX век селото било дел од Прилепската каза на Отоманското Царство.

На 20 декември 1942 година во Прилепец бил опколен и разбиен партизанскиот одред „Ѓорче Петров“ од страна на бугарската војска. Во борбата загинале Стеван Базеркоски - Лански, Борка Спасески-Влачарот, Стеван Димески, Димче Мирчески, Гога Јанкуловски, Пројче Најдоски-Сокле, Бошко Јосифовски и Менде Бошкоски, а Киро Фетак бил фатен и одведен во касарната во Прилеп, каде подоцна бил сурово мачен и убиен.

Thumb
Жени перат на изворите до с. Прилепец, за време на Првата светска војна, 1918 година
Remove ads

Стопанство

Население

Повеќе информации Година, Нас. ...

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Прилепец живееле 140 жители, сите Македонци.[2] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Прилепец имало 176 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[3]

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Прилепец е претставен како чисто македонско село во Прилепската каза на Битолскиот санџак со 22 куќи.[4]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 150 Македонци.[5]

Remove ads

Според пописот од 2002 година, во селото Прилепец живеат 9 жители, сите Македонци.[6]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 4 жители, сите Македонци.

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Повеќе информации Година ...
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[7]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[8]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[9]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[10]

Родови

Прилепец е македонско село.

Remove ads

Родови во селото се:

  • Староседелци или со непознато потекло: Ѓондевци (1 куќа) они се многу стар род, возможно е да се староседелци.
  • Доселеници: Вишиновци (13 куќи) доселени се од селото Мало Илино во Железник. Од таму избегале „од албанците“. го знаат следното родословие: Наум (жив на 73 г. во 1954 година) Тасе-Наум-Кочо-Вишин, предокот кој се доселил во селото, тоа било почетокот на XIX век; Џамеровци (9 куќи) доселени се од Дебарско. Во местото на старина Турци сакале да им земат некоја девојка и затоа избегале, најпрво во Лагово па во Волково и на крај во Прилепец, го знаат следното родословие: Цветан (жив на 82 г. во 1954 година) Богоја-Митре, се доселил неговиот татко; Милошевци (5 куќи) и они се доселени од дебарска страна.[11]

Општествени установи

Thumb
Стара куќа во Прилепец

Самоуправа и политика

Избирачко место

Во селото постои избирачкото место бр. 1437 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на приватна куќа.[12]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 4 гласачи.[13]

Културни и природни знаменитости

Thumb
Манастирската црква „Св. Никола“
Цркви
Манстири
  • Прилепечки манастир („Св. Никола“)
Археолошки наоѓалишта[14]
  • Безистен — населба од брозеното време
  • Глува Долна — светилиште од римско време
  • Камберица — населба од доцноантичко време
  • Корита — населба од хеленистичко и римско време
  • Марков Ѕид — тврдина и некропола од антиката и средниот век
  • Маркова Стапалка — некропола од доцноантичко време
  • Св. Димитрија — црква од непознат период
  • Долиште — некропола од хеленистичко време
Езера
  • Прилепечко Езеро — вештачка акумулација југозападно од селото
  • Големо Волковско Езеро — акумулација во атарите на Прилепец и Волково
Remove ads

Редовни настани

Личности

Родени

Иселеништво

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads