Бела касарна
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Бела касарна или Артилериска касарна – касарна наменета за артилериски единици на Османлиската војска во Битола. Одобрение за изградба на касарната од Портата било добиено на 21 јули 1843 година, а покрај државното земјиште откупувањето на ниви и ливади или нивна замена со вакафска сопственост завршила во 1844 година. Касарната имала капацитет од 8.000 војници и 1585 коњи.


Белата касарна, како и Црвената, продолжила да биде експлоатирана и од српската војска веднаш по 1912 година.
Во ноември 1916 година избил пожар во касарните, а од 2 јануари 1917 почнало гранатирање од германско-бугарските позиции кое траело до крајот на Првата светска војна и нивно целосно уништување.[1]
Remove ads
Местоположба
Белата касарна се наоѓала во месноста Миризливи Ливади или Паша Капуси.
Местоположбата ги задоволувала барањата да биде блиску до градот, на јужна страна и комуникациски поврзана – била во непосредна близина на патот за Солун.[1]
Опис
Градежен план
Градежниот план бил истиот како и за Црвената касарна со тоа што главниот влез бил поедноставен и бил изменет делот за коњите.[1]
Изглед
Како и Црвената касарна, Белата касарна имала квадратен облик со димензии 180 х 180 метри, со огромно пацио во кој се влегувало од осум влеза. Главниот влез гледал на исток. Била изградена на приземје и кат.
На четирите агли биле изградени кули кои се издигале кои за разлика од Црвената касарна биле на исто ниво со останатите делови. Се претпоставува дека истите служеле како кујни, трпезарии, клубови и како дневни престојувалишта за војниците.
Едно бочно крило од касарната служело како коњушница.
Околината била облагородена со липи и цреши и станала примамлива за чести прошетки на граѓаните.[1]
Remove ads
Поврзано
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads