Црвена касарна

From Wikipedia, the free encyclopedia

Црвена касарна
Remove ads

Црвена касарна или Пешадинска касарнакасарна наменета за пешадинците на Османлиската војска во Битола. Името „Црвена“ го добила заради фасадните препечени тули. Изградбата почнала во 1837 година, а војската се вселила во неа во 1839 година. Во 1856 година во касарната биле сместени 10.000 војници. Објектот чинел 925.000 гроша, собрани како задолжение од ејалетот Румелија, од кои 89.000 гроша паднале врз грбот на Битола.

Кратки факти Црвена касарна, Општи податоци ...
Thumb
Опожарена Црвена касарна, браќа Манаки
Thumb
Црвената касарна по бомбардирањата, март 1917

Црвената касарна, како и Белата, продолжила да биде експлоатирана и од српската војска веднаш по 1912 година, па во 1914 година, на платото пред неа, била извршена и свечена обврска на српски регрути, скоро сите Македонци.

Во ноември 1916 година избил пожар во касарните, а од 2 јануари 1917 почнало гранатирање од германско-бугарските позиции кое траело до крајот на Првата светска војна и нивно целосно уништување.[1]

Remove ads

Местоположба

Црвената касарна се наоѓала во месноста Шехралти (Подград), на местото викано Гокче Бунар, денес кај Спортската сала.

Местоположбата ги задоволувала барањата да биде блиску до градот, на јужна страна и комуникациски поврзана — била во непосредна близина на патот за Солун.[1]

Опис

Градежен план

Градежниот план бил увезен, западноевропски, каде ваквите градби биле познати.[1]

Изглед

Касарната имала квадратен облик со димензии 180 х 180 метри, со огромно пацио во кој се влегувало од осум влеза. Раскошниот главен влез гледал на исток, а на спротивната страна имало обичен влез кој служел за комуникација со помошните објекти. Била изградена на приземје и кат. Првиот кат над главниот влез бил изведен на столбови и се истакнувал со османлиска атика и бројни архитектонски украси кои оставале особен впечаток. Во овој дел се наоѓале командните канцеларии.

На четирите агли биле изградени кули кои се издигале еден кат над останатите делови. Се претпоставува дека истите служеле како кујни, трпезарии, клубови и како дневни престојувалишта за војниците.

Во заднинскиот дел од касарната била изградена коњушница за 300 коња на офицерите.[1]

Изградба

Нема писмен документ за тоа кој бил градител на касарната. Има тврдење прифатено од неколкумина проучувачи на градежништвото во Битола дека тоа бил прочуениот македонски градител Стојан Везенков, што го засноваат врз признанието и сабјата што ги добил од султанот, но неговото име не се јавува во ниту еден османлиски документ. Се претпоставува дека признанието и сабјата ги добил за надзор при обновата на касарната по пожарот.

Завршната градежна инспекција ја извршил Мустафа ефендија, инженер од Цариград, а Ариф чауш ја надгледувал изградбата на коњушницата и некои други градби.

Работите ги изведувале групи од десетина, па до стотина лица, на чело со устабашијаустабашии, ги изведувале работите, почнувајќи од обезбедување и пренесување на градежниот материјал, негово вградување и финализирање на зафатите. Се користел домашен градежен материјал, но и увезен, англиски клучеви, венецијански огледала и друго, со цел градбата да биде претставителна.

За обезбедување на вода бил изведен сложен проект кој ги опфаќал изобилните извори на Неолица.

До половина објектот се изведувал со надници, потоа кутурица.[1]

Remove ads

Поврзано

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads