Белинда Карлајл

американска пејачка From Wikipedia, the free encyclopedia

Белинда Карлајл
Remove ads

Белинда Џо Карлајл (англиски: Belinda Jo Carlisle; родена на 17 август 1958) ― американска пејачка. Станала популарна како главен вокал на Go-Go's,[1] а потоа продолжила со плодна соло-кариера. Нејзини најпопуларни хитови како солист се: „Mad About You“, „I Get Weak“, „Circle in the Sand“, „Leave a Light" и "Heaven Is a Place on Earth".

Кратки факти Белинда Карлајл, Роден(а) ...

Автобиографијата на Карлајл, Lips Unsealed, објавена во јуни 2010 година, била бестселер на Њујорк Тајмс и добила поволни критики.[2] Во 2011 година, Карлајл, како член на Go-Go's, добила ѕвезда на Булеварот на славните во Холивуд.[3] Таа и групата биле примени во Куќата на славните на рокенролот во 2021 година.[4]

Remove ads

Детство и образование

Thumb
Карлајл на сликата за матура од 1976 година

Белинда Џо Карлајл е родена на 17 август 1958 година во Холивуд, Лос Анџелес, Калифорнија.[5] Карлајл има тројца браќа и три сестри. Кога имала пет години, таткото на Карлајл го напуштил семејството, а таа изјавила дека поголемиот дел од своето детство го поминала во сиромаштија.[5]

Нејзината мајка подоцна се омажила за Волт Курчески, за кој Карлајл вели дека бил алкохоличар[6] и со кого имала бурна врска. Го зела неговото презиме во средношколските години.[7] [5] За време на нејзиното детство семејството често се селело и на крајот се населиле во Бурбенк.[5] На десетгодишна возраст, Карлајл почна да се интересира за музика, а навела дека Beach Boys, Кeт Стивенс, the Stylistics и the Animals музички влијаеле на неа.[5]

Семејството повторно се преселило за време на тинејџерските денови на Карлајл, овој пат во Таузенд Оукс, Калифорнија. За време на нејзините тинејџерски години, Карлајл станала бунтовна: „Кога имав четиринаесет години, навистина дивеев“, рекла таа. По матурирањето Карлајл работела во продавницата.[5] На 19-годишна возраст, Карлајл го напуштила домот за да се занимава со музика.[5] [8]

Remove ads

Кариера

Почетоци и The Go-Go's

Карлајл музичката кариера ја започнала во 1977 година како тапанар за панк рок групата Germs, под псевдонимот Dottie Danger.[9] Таа се приклучила на групата на повик на Лорна Доум, со која се запознале во средното училиште Њубери Парк.[10] [11] Но, по кратко време заболела од мононуклеоза и ја напуштила групата; никогаш не снимала или настапувала во живо со Germs. Потоа, Карлајл се приклучила како придружен вокал на Black Randy and the Metrosquad.[12] По напуштањето на Гермс, таа ја коосновала групата Go-Go's (прво наречена Misfits) со пријателите и колегите музичари Маргот Олаварија, Елиса Бело и Џејн Видлин. The Go-Go's станале една од најуспешните американски групи во 1980-тите; групата го популаризирала музичкиот жанр нов бран на американското радио и станала прва и единствена женска група која имала албум на прво место на топ-листата со напишана своја музика и која свирела на свои инструменти.[6] Тоа бил албумот Beauty and the Beat (1981), на кој се хитовите „We Got the Beat“ и „Our Lips Are Sealed“.[13] The Go-Go's снимија уште два студиски албуми со IRS Records: Vacation (1982) и „Talk Show“ (1984).[14]

Во 1984 година, Карлајл глумела во филмот Swing Shift, покрај Голди Хоун и Курт Расел.[15]

Соло кариера

1985–1990

Go-Go's се распаднале во 1985 година, а Карлајл започнала соло-кариера. Првиот соло студиски албум на Карлајл Belinda бил издаден во 1986 година,[6] исто така со IRS Records.[16] Нејзиниот летен хит „Mad About You“ се искачил на трето место во Соединетите Американски Држави,[16] на врвот на канадската топ-листа и во топ-10 во Австралија. Синглот „Since You've Gone“, ко-напишан од Линдзи Бакингем од Fleetwood Mac, бил користен само за промоција и не се нашол на албумот. Сузана Хофс го напишала синглот „I Need a Disguise“. Енди Тејлор од Дуран Дуран свирел на гитара на некои песни од албумот и се појавил во нејзиниот спот „Mad About You“.[5] Карлајл, исто така, снимила песни вклучени во саундтрак на филмови, особено „In My Wildest Dreams“ од филмот Манекен (Mannequin) (1987), „Shot in the Dark“ од трилерот од Ентони Мајкл Хол Out of Bounds (1986), како и „Dancing in the City“ од филмот од Вупи Голдберг Провалник (1987).[6]

Музичкиот стил на „Heaven on Earth“ од 1987 година бил под влијание на 1960-тите. Албумот влегол во топ-5 најпродавани албуми во ОК и Австралија и бил номиниран за Греми награда.[17] Првиот сингл од албумот, „Heaven Is a Place on Earth“, се нашол на врвот на топ-листите во Соединетите Американски Држави и ОК, а неговиот микс на врвот на денс-листата од Билборд во САД. Промотивното видео го режирала американската глумица Дајан Китон, добитничка на Оскар. Вториот сингл од албумот „I Get Weak“ бил напишан од Дајан Ворен, а „Circle in the Sand“ бил уште еден топ-10 хит во САД, Велика Британија и Германија. По успехот на албумот, Карлајл ја започнала светската турнеја Good Heavens.[18]

На 23 октомври 1989 година го објавила албумот Runaway Horses. Кон крајот на есента 1990 година, Go-Go's повторно се обединиле. Тие со турнеја го поддржале нивниот прв албум со најголеми хитови, Greatest, а снимиле и нова песна „Cool Jerk“.

1991–1999

Во 1991 година, Карлајл го издала нејзиниот четврти соло студиски албум, Live Your Life Be Free. Во 1992 година, го објавила нејзиниот албум со најголеми хитови The Best of Belinda, Volume 1.[19] На овој прв нејзин албум со најголеми хитови биле сите хитови од Heaven on Earth, Runaway Horses и Live Your Life Be Free. Петтиот соло студиски албум на Карлајл, Real, бил издаден во 1993 година под издавачката куќа Virgin. Без продуцентот Новелс, албумот се оддалечил од претходниот „полиран поп“ стил на Карлајл. Некои критичари го поздравиле ова и го споредиле звукот со оној на Go-Go's.

Во 1994 година, The Go-Go's повторно се обединиле за да го поддржат ретроспективното двојно ЦД Return to the Valley of The Go-Go's.

Карлајл почнала да го подготвува нејзиниот следен албум за кој повторно соработувала со продуцентот Рик Новелс. Кон крајот на летото 1996 година, таа го издала нејзиниот шести соло-албум A Woman and a Man во Велика Британија и Австралија, кој имал огромен успех во тие држави. Брајан Вилсон (од The Beach Boys), Сузана Хофс (Bangles) и Пер Гесле (Roxette) бile вклучени во албумот како текстописци и придружни пејачи. Песните In Too Deep и Always Breaking My Heart (напишани од Гесле) стигнале до британската топ-десет, со што станале најуспешни песни на Белинда од 1990 година.

Поради успехот на A Woman and a Man, албумот бил дистрибуиран и во САД во летото 1997 година од дискографската куќа Ark21. И покрај промотивните настапи на Белинда Карлајл на американската телевизија и радио, албумот таму не можел да го достигне успехот кој го имал во Велика Британија.

Кон средината на 1997 година, Белинда Карлајл ја снимила песната I Won't Say (I'm in Love) за Дизниевиот филм Херкулес. Песната била издадена како сингл само во Франција и Германија. Во 1999 година, во ОК Карлајл го издала албумот со најголеми хитови насловен како A Place on Earth: The Greatest Hits.

Подоцнежна кариера

2000–2020

Во 2001 година, Go-Go's повторно се обединиле и објавиле студиски албум со нов материјал, God Bless the Go-Go's. Фронтменот на Green Day, Били Џо Армстронг, го напишал единствениот објавен сингл „Unforgiven“. Во август 2001 година, Карлајл беше фотографирана гола за списанието Playboy.[20]

Во февруари 2007 година го објавила нејзиниот седми албум Voila, кој бил нејзин прв целосен соло студиски албум по повеќе од десет години.[21] Албумот бил продуциран од Џон Рејнолдс, а Брајан Ино свирел на клавијатури.[22] Албумот бил мешавина од француски поп-мелодии и стандарди од шансони вклучително и преработки од Франсоа Арди и Едит Пјаф.

Во јуни 2010 година, ја објавила нејзината автобиографија, Усни незапечатени. Книгата добила добри критики и го достигнала 27-то место на листата на бестселери на Њујорк Тајмс.

Од 25 до 30 јануари 2011 година се одржа турнеја низ Германија со пет концерти.

Во август 2011 година, групата Go-Go's (составен од Белинда Карлајл, Шарлот Кафи, Џина Шок, Кети Валентин и Џејн Видлин) добила своја ѕвезда на Булеварот на славните во Холивуд. Ѕвездата се наоѓа на булеварот Холивуд 6652 пред поранешниот ноќен клуб The Masque, каде што групата го имала својот прв настап во 1978 година.  

На 26 јули 2018 година, во Њујорк бил прикажан мјузикл за работата на Go-Go's, а бил направен во соработка на Белинда Карлајл.

2021 – денес

Во мај 2021 година било објавено дека Go-Go's ќе бидат примени во Куќата на славата на рокенролот.[23][24] Групата ги извела „Vacation“, „Our Lips Are Sealed“ и „We Got the Beat“ за време на церемонијата за воведување.[25]

Remove ads

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads