Белоглава патка
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Белоглава патка (Oxyura leucocephala) е вид птица од семејството патки со тврда опашка. Ја има во Македонија.

Remove ads
Распостранетост
Овој вид патка се среќава во ограничени области на Европа, најмногу е застапена во Шпанија и северна Африка, западна и Средна Азија. Зимува на Балканскиот Полуостров и тогаш доаѓа во Македонија, но поголемиот број зимуваат во југозападна Азија.
Опис
Возрасните мажјаци имаат сиво-црвеникаво тело, син клун, а главата им е бела со црвена капа и црвен врат. Возрасните женки имаат сиво-кафено тело, имаат бело лице, темен клун и шарен образ. Долги се 43-48 сантиметри, а тешки се 580-750 грама.
Исхрана
Се хранат со ракови, инсекти, алги, семиња, мекотели.
Размножување
Нивните гнезда се наоѓаат во близна на морињата, а понекогаш користат и напуштени гнезна на други видови. Несат од 5 до 15 јајца, со димензии 66х50 мм и со маса од околу 100 грама, а лушпата е груба и дебела. Кога се свежи се со сина боја, а подоцна стануваат жолтеникави. Малите почнуваат да летаат на два-два и пол месеци.
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads