Гусковидни

From Wikipedia, the free encyclopedia

Гусковидни
Remove ads

Редот на гусковидните содржи околу 150 живи видови птици, распоредени во три фамилии: Anhimidae - врескачи, кои ги има во јужна Америка, и за кои заради сличниот клун до неодамна се мислело дека спаѓаат во редот кокошковидни, Anseranatidae со единствениот вид страчкаста гуска која живее во северна Австралија и јужна Нова Гвинеја; и фамилијата Патки, којашто ги вклучува преку 140 вида пловечки птици, меѓу кои - патките, гуските и лебедите.

Кратки факти Гусковидни, Научна класификација ...

Сите видови се приспособени за живеење во вода и пловење по водната површина. Сите имаат ципести прсти за ефикасно пливање, но сепак, некои од нив станале претежно копнени птици.

Remove ads

Опис

Телото на гусковидните е покриено со густо водоотпорно перје кое постојано го премачкуваат со масен секрет. Тие имаат набиено, цврсто тело со релативно мала глава сместена на долг врат. Освен кај фамилијата Anhimidae, клунот на гусковидните е претежно широк и сплеснат, со мека `рскавична прекривка и цврсто задебелување на крајот. Кај некои видови е прилагоден да може да се исцедува водата. Врвот на клунот често има заострен и многу цврст дел кој помага при кинење на растенијата за исхрана. Мажјаците имаат надворешен копулационен орган. Нозете на овие птици се пропорционално многу кратки, со по 4 прста, од кои 3 се насочени нанапред и поврзани со мрежница (ципа) за брзо пловење по вода. Кога се митарат повеќето видови го губат сето перје наеднаш. Во тој период имаат невпечатливи бои што им служи за заштита во времето кога не можат да летаат. Во улога на изолатор тогаш се јавуваат младите пердувчиња и масниот слој, кој го имаат под кожата. Снесените јајца им се во униформирани бои, а младенчињата се способни веднаш да живеат вон гнездото и да пловат.

Remove ads

Живеалиште и исхрана

Гусковидните живеат крај вода, во мочуришта, езерца, крај реки или крај море. Некои видови поголемиот дел од животот го минуваат на отворено море, а доаѓаат на брегот само за гнездење и одгледување на младенчињата. Повеќето од нив се хранат на површината или во близина на површината на водата, некои нуркаат и се хранат со водни растенија, додека гуските и лебедите се хранат и на копно, пасејќи трева и други растенија. Гусковидните редовно голтаат камчиња кои им служат како гастролит за ситнење на храната во желудникот.

Повеќето од видовите гусковидни се одлични летачи. Дел од нив се птици-преселници, па може да прелетаат и илјадници километри од местото на гнездење до местото на презимување.

Remove ads

Еволуција

Најстара позната форма на гусковидна птица е неодамна откриениот Vegavis, кој живеел во периодот на креда.[1] Се смета дека гусковидните потекнуваат од кокошкогуски (Galloanserae), пред поделбата на копнени и водени.[2]

Класификација

Систематизацијата на гусковидните не е усогласена, односно постојат различни пристапи од разни автори. Проблем претставуваат меѓусебните односи на гуските, патките, лебедите со нуркачите патки и морските патки, кои се сметаат или како посебни фамилии или како потсемејства во рамките на една фамилија.

Роднинските врски меѓу фамилиите на гусковидните, кои најчесто се издвојуваат, се претставени на следниот дијаграм:

Гусковидни  
 
  Патки и сродници (Anatidae)  

Патки (Anatinae)


  Гуски (Anserinae)  
 

Вистински гуски (Anserini)


 

Лебеди (Cygnini)




Нуркачки патки (Aythyinae)



Морски патки (Merginae)



 

Anhimidae


 

Anseranatidae




Dromornithidae 



Presbyornithidae 



Видови

На списокот се наведени некои од најпознатите видови од фамилијата на патките и сродниците Anatidae:

Повеќе информации Вид, стручен назив, Вид, македонски назив ...
  • Со ознаката мк се обележани гусковидните кои ги има во Македонија.
Remove ads

Галерија

Гуските како тема во уметноста и во популарната култура

Гуските се јавуваат како тема во бројни дела од уметноста и популарната култура, како:

  • „За одлетаната гуска чета...“ - песна на рускиот поет Николај Асеев.[3]
  • „Гуската и лебедот“ - басна на американскиот писател Емброуз Бирс.[4]
  • „Мојата прва гуска“ - расказ на рускиот писател Исак Бабел.[5]
  • „Ги сакам гуските“ (српски: Волим гуске) - песна на српскиот поет Јован Јовановиќ-Змај.[6]

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads