Белокрила рибарка
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Белокрилата рибарка, (или белокрила црна рибарка) (науч. Chlidonias leucopterus) е мала рибарка која често се среќава близу слaтки води низ цела југоисточна Европа и на исток сè до Австралија. Порано ја имало и во Македонија.
Remove ads
Опис
Возрасните птици, летно време имаат кратки црвени нозе и краток црн клун (мал и набиен, 22-25 мм, значително помал од главата), црн врат (често светлосив одзади) и стомак, многу темносив грб, бело под опашката и светлосива, речиси бела опашка. Лицето делува жолтеникаво. Крилјата, како што кажува името, се претежно бели. Внатрешноста на крилјата се сивкави со кафеави врвови на покривните пердуви. Вон сезоната на парење, црното е заменето со бело или светлосиво, иако некои црнкави пердуви може да останат измешани со белите долни делови. Доста црно останува на покривните пердуви одоздола. Главата е црна со бело чело. Круната е црнкавокафеава прошарана со бело, а подолу кај вратот е црнкава со повеќе бело. Овие бели прошарувања се кај возрасните со зимско перје. Тогаш имаат и триаголна црна дамка пред окото. Кај младенчињата и птиците што се митарат под опашката е светлосиво кое станува сосема сиво подоцна во годината. Јасно белата јака и задница ја изолираат темната мантија.
Remove ads
Хибридизација со црната рибарка
Хибридизацијата на овој вид со црната рибарка е забележано во Шведска [2] и Норвешка.[3] Две малденчиња во Англија, во септември 1978 и септември 1981, исто така, се верува дека биле хибридни форми зашто покажувале измешани одлики од двата вида, особено комбинацијата на темна мантија (како кај белокрилата) со темни дамки на страните од градите (карактериситика на црната).[4][5]
Распространетост и живеалиште
Живеалиштето при размножување на белокрилата рибарка се слатководните бари низ југоисточна Европа до Средна Азија. Тие обично гнездат на пловечки растенија во самата вода или на земја многу блиску до водата, каде несат 2-4 јајца во гнездото изградено од мали трски или друга вегетација. Тие се птици преселници кои зимуваат во Африка, јужна Азија и Австралија. Понекогаш заскитуваат во Северна Америка, претежно на атлантскиот брег, но забелеажни се и на тихоокеанскиот брег, како и во копното во областа крај Големите Езера.


Поведение
Како другите барски рибарки, (Chlidonias), и за разлика од белите (Sterna) рибарки, овие птици не нуркаат во лов на риба, туку летаат полека над водата и собираат инсекти од површината или ги ловат во лет. Претежно се хранат со инсекти и мали риби. Во лет, овие птици изгледаат подебело. Замавнувањето со крилјата им е плитко и лежерно.
Договорот за заштита на африканско-евроазиските водни птици преселници се однесува и на белокрилата рибарка.
Remove ads
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads