Биосфера
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Биосферата претставува дел од Земјината обвивка (хидросферата и граничните делови од литосферата и атмосферата) во која егзистира и многу активно дејствува живиот свет. Со други зборови речено, биосферата ја сочинуваат сите екосистеми. Динамиката и структурата на биосферата ја прават неа основен трансформатор на енергијата и материјата на Земјата.

Енергија на биосферата и создавање
Денес целокупната енергија на биосферата потекнува од фотосинтетичкиот процес на зелените растенија, при што настануваат органски материи и слободен кислород. Зелените растенија трошат околу 400 милијарди тони јаглерод диоксид годишно, од кои 143 милијарди тони јаглерод е вграден во создадените органски материи, при што се ослободува 30 милијарди тони кислород. Во биосферата, главно под дејство на хетеротрофните организми, се врши и минерализација на органската материја, што овозможува кружење на голем број хемиски елементи од неживата кон живата природа, односно како што беше прикажано во екосистемот, од биотопот до биоценозата. Биосферата е резултат на историскиот развиток на Земјата, а настанала како таква со појавата на животот во неа. Појавувањето на живата природа значеше и менување на неживата природа.
Remove ads
Денешен изглед на биосферата
Денешниот изглед на Земјината површина во голема мера се должи на активноста на живата компонента на биосферата. Со таа активност се изградени многу стени, материи од органско потекло, како што се Камен камениот јаглен, лигнитот, нафтата и др. Почвата, исто така е резултат на заемното дејство на организмите и геолошката подлога. Сето тоа ја покажува тесната врска што постои помеѓу неживата и живата компонента на биосферата и големата геохемиска енергија на животот како составен дел од биосферата. Од усогласеното функционирање на биосферата зависи одржувањето на животот на Земјата. Во случај на некои нарушување на ова функционирање, би дошло до катастрофални последици.
Remove ads
Компоненти на биосферата
Биосферата ги опфаќа следните делови на Земјината сфера:
- Атмосфера (10 км - 15 км)
- Хидросфера (8 км - 10 км)
- Литосферата (10 м - 3 км)
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads