Бислимска Клисура
кратка клисура на реката Пчиња, во Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Бислимска Клисура — кратка епигенетска клисура во средното течение на реката Пчиња. Се протега јужно од градот Куманово, меѓу вливот на Кумановска Река во Пчиња и селото Пчиња во должина од 6,5 километри.[1][2]

Во клисурата има неколку изразити вклештени меандри.
Местоположба
Клисурата е сместена помеѓу кумановските села Пчиња и Доброшане, односно историското село Бислим, чиј атар го презело денешното село Доброшане.
Пристап
До клисурата може да се дојде преку асфалтен пат од градот Куманово и до двете села, но патеките за движење низ клисурата започнуваат од селото Пчиња. Кај последните куќи во селото Пчиња се наоѓа и порта, која го одбележува влезот во клисурата.
Remove ads
Особености
Всечена е во варовнички карпи со јурска старост, меѓу ридовите Краста (534 м.), од десната страна и Кукуљатица (722 м.), од левата страна. Има стрмни страни, на одредени места речиси вертикални, така што на некои места наликува на кањон.[2]
Покрај пештерите и пропастите, овде релјефот е многу интересен, со бројни шкрапи, вртачи, суводолици, раседи и сл. Во Бислимската Клисура има разновиден растителен и животински свет (лилјаци, соколи, орли, влекачи — особено поскоци и други).
Пештери
Во клисурата се наоѓаат десетина пештери и пропасти, долги до 90 метри. Најдолга пештера е Студен Пештер (90 м.), а најдлабока пропаст е Маркова Куќа, длабока околу 40 метри. Со својот пештерски накит, најинтересна е Лишков Пештер, во јужниот дел на клисурата (2 километри спротиводно од селото Пчиња).
Remove ads
Историја
Во средишниот дел на клисурата и во пештерите има остатоци од антички градби, веројатно од римскиот период.
Заштитено подрачје
По сите свои одлики, Бислимската Клисура заслужува да биде заштитено подрачје, особено имајќи предвид дека е се наоѓа мошне близу до градот Куманово. Сепак таа е доста деградирана од загадените води на Пчиња, кои доаѓаат од Куманово.
Галерија
Поврзано
- Пчиња
- Студен Пештер
- Лишков Пештер
- Краста
- Голиќ
- Пештери во Македонија
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads