Пчиња
река во Македонија и Србија, притока на Вадар From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Пчиња — река во Македонија и Србија, лева притока на реката Вардар. Нејзиниот слив зафаќа површина од 3.140 км2 (1.247 км2 во Србија и 1.893 км2 во Македонија). Поголеми притоки и се реките: Бистрица, Петрошница и Крива Река (леви), Кумановска Река (десна). Му припаѓа на егејскиот слив.
Remove ads
Течение низ Србија


Реката се образува на западната падина на планината Дукат кај селото Радовница, Трговишко. Оттука тече на запад под името Трипушница[1]. Речната долина сочинува мала област со средиште во градот Трговиште, каде од југ се влева Лесничка Река, од каде реката продолжува на запад, веќе под името Пчиња. Ова подрачје е меѓу најсиромашните во Србија, со најголем одлив на население (од 12.556 во 1971 на 6.372 во 2002 г). Пчиња потоа тече на запад, северно од Широка Планина. Кај селото Шаинце ја прима десната притока Коќурица и продолжува на југ по тесна долина меѓу планините Руен и Козјак. Во оваа долина е и познатиот манастир „Св. Прохор Пчински“. Недалеку одовде, по 45 км низ Србија, реката ја преминува границата во Македонија.
Remove ads
Течение низ Македонија
Во преостанатите 83 км од течението Пчиња благо свртува на југозапад. Навлегува во Кумановско кај Пелинце[2], течејќи крај селата Карловце, Драгоманце, Стрновац, Војник, Клечевце, Пчиња, Студена Бара. Отако ќе премине во Скопско (областа Блатија) минува низ Горно Коњари, Долно Коњари, па доаѓа до Катланово, крај кое се наоѓа познатата Катлановска Бања.
Течението низ Македонија се дели на малите области Средорек и Которлак, меѓу кои се протега Бадерската Клисура. Во најдолниото течение, реката минува од западната страна на Градиштанска Планина, па се влева во Вардар во Таорската Клисура, на полпат помеѓу Скопје и Велес.
Remove ads
Галерија
- Реката над мостот кон селото Кокино
- Реката во близина на селото Пелинце
- Пчиња по Катлановска бања
- Пчиња пред Катланово
- Викенд населба покрај Пчиња
- Утоката на Пчиња во Вардар
- Левиот брег на Пчиња крај Катланово
- Поглед од мостот на Пчиња крај Катланово
- Мостот на Пчиња крај Катланово
- Пчиња крај манастирот Св. Прохор Пчински
- Пчиња крај селото Горно Коњари
- Пчиња крај селото Горно Коњари
Поврзано
- Долина на Пчиња
- Пчињски округ
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads