Битка кај Трафалгар

From Wikipedia, the free encyclopedia

Битка кај Трафалгар
Remove ads

Битката кај Трафалгар (21 октомври 1805) била водена помеѓу Британската кралска морнарица и здружената флота на Франција и Шпанија како дел од Наполеоновите битки (1803-1815). Оваа битка била најрешителната победа дотогаш на Британците, и ја предодредила британската поморска доминација во XIX век. 27 воени бродови предводени од адмиралот Хорацио Нелсон ги победиле 33-те француски и шпански бродови предводени од францускиот адмирал Пјер Вилнев. Битката се одиграла на југозападниот брег на Шпанија, кај Кадис, близу ‘ртот Трафалгар (36°11′N 6°2′W). Поразената флота на французите и шпанците изгубила вкупно 22 брода, а победниците ниту еден.

Кратки факти Битка кај Трафалгар, Датум ...

Нелсон применил една нова тактика, наместо да ја постави флотата паралелно со противничката, тој ја поставил нормално на неа и со тоа се здобил со предност и покрај бројната надмоќ на непријателот.

Нелсон бил смртно ранет во битката, но останал како најголем поморски воен херој на Британија. Адмиралот Пјер Вилнев бил заробен заедно со неговиот брод Букентаур. Шпанскиот адмирал Федерико Гравина избегал со остатокот од флотата, но починал по неколку месеци од раните здобиени во битката.

Во чест на победата во оваа битка и јуначката смрт на адмиралот Нелсон, во 1843 г. на плоштадот Трафалгар во Лондон е поставен Нелсоновиот столб, дело на архитектот Вилијам Реилтон.

Remove ads

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads