Битка кај Превеза
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Поморската битка кај Превеза се одвила на 28 септември 1538 година во близина на истоимениот град во северозападниот дел на денешна Грција, помеѓу силите на Османлиското Царство и христијанскиот сојуз предводен од страна на папа Павле III од друга страна.
Во 1537 година, генералот на османлиската флота, Хајдерин Барбароса успеал да окупира неколку острови во Егејско и Јонско Море кои претходно припаѓале на Венецијанската Република, меѓу кои и Сирос, Егина, Иос, Парос, Тинос, Карпатос, Касос и Нахос (пеисоединувајќи го Грофовија Нахос кон империјата). Под опсада се нашол и островот Крф, а била опустошена и Калабрија, кога тогаш се наоѓала под шпанска контрола, денес во Италија. Така, во лицето на оваа закана, папа Павле III во 1538 година ја повикал Светата лига која ги опфаќала земјите: папската држава, Шпанија, Република Џенова, Венецијанска Република и Малтешкиот ред да се соочат со Османлиите.
Флотата на Барбаросаброела околу 120 галии, додека пак онаа на Светата лига околу 600 бродови. Но, и покрај големината на христијанските бродови, сепак тие во крајна сметка биле поразени во битката.
Remove ads
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads