Карпатос

From Wikipedia, the free encyclopedia

Карпатосmap
Remove ads

Карпатос (грчки: Κάρπαθος) — втор по големина од грчките Додекански острови, во југоисточниот дел на Егејско Море. Заедно со соседните помали острови Сарија ја формира општината Карпатос, која е дел од регионалната единица Карпатос. Поради својата оддалечена локација, Карпатос има сочувано многу особености на облекување, обичаи и дијалект, посебно слични на Крит и Кипар. Островот, исто така, се нарекува Карпат на латински и Скарпанто на италијански.

Кратки факти Карпатос Κάρπαθος, Земја ...
Remove ads

Географија

Thumb
Карта од островот, 1597

Островот се наоѓа на 47 километри југозападно од Родос, во делот на Медитеранот, кој се нарекува Карпатско Море (латински: Carpathium Mare). Критското Море се наоѓа на источниот дел од островот Карпатос[2]. Највисоката точка на Карпатос е планината Латос, на 1215 метри. Карпатос се состои од 10 села. Пигадија, главно пристаниште на островот, се наоѓа во југоисточниот дел на островот. Главниот град е опкружен со селата Манети, Аркаса, Апери, Волада, Отос и Плис. На север Месохори, Споа и Олимпос. Постојат две пристаништа, во Карпатос и на север од островот веднаш до Олимпос наречен Дијафани.

Островот Сарија некогаш бил обединет со Карпатос, но земјотрес ги разделил.

Повеќе информации Климатски податоци за Карпатос, Месец ...
Remove ads

Општини

Thumb
Олимпос

Сегашната општина Карпатос била формирана по реформата на локалната власт во 2011 година со спојување на следните 2 поранешни општини, кои станале општински единици[5]:

  • Карпатос
  • Олимпос

Општината има површина од 324.800 км2, општинската единица 219.924 км2[6].

Историја

Thumb
Остатоци од ранохристијанската базилика Свети Фотини, Пигадија
Thumb
Село Дијафани.
Thumb
Главната црква во Дијафани
Thumb
Фонтана посветена на Аполон.
Thumb
Село Менетес.
Thumb
.

Островот Карпатос бил во стари и средновековни времиња тесно поврзан со Родос. Неговото сегашно име се споменува во Хомеровата Илијада како Крапатос (οἳ δ' ἄρα Νίσυρόν τ' εἶχον Κράπαθόν τε Κάσον τε)[7].

Карпатос застанал на страната на Спарта во Пелопонеската војна во 431 г. П.н.е. и жителите ја изгубиле својата независност во 400 година п.н.е. Во 42 п.н.е., островот паднал под римска власт. По поделбата на Римското Царство во 395 н.е., островот станал дел од Византија.

Од нејзините христијански епископи, познати се имињата Олимпиј, кој бил поддржувач на Несториј Цариградски, Зотикус (во 518), Менас (553), Јоан, Лав (во 787) и Филип (во 879 г.). Во 14 век, островот бил дел од латинската црква, од кои четири епископи го носеа името Никола[8][9].

Во 1304 година, Карпатос бил даден како имот на Андреа и Лодовико Мореско, но во 1306 година паднал под власта на Андреја Корнаро, член на семејство Корнаро[10]. Корнаро го контролирал Карпатос до 1538 година, кога островот преминал во сопственост на Отоманските Турци[10].

За време на Грчката војна за независност од 1821 до 1822 островот се побунил, но потоа повторно паднал под османлиската власт[10]. Во 1835 година, султанот Махмуд II му ги признал на островот привилегиите каде данокот се пресметувал како годишен паушал, а не врз основа на домаќинство[10]. Отоманското владеење завршило на 12 мај 1912 година, кога Италијанците го окупирале островот, заедно со Додеканезите, за време на Италијано-турската војна од 1911-12. На тој ден, морнарите од бродот Реџи Марина Виторио Емануеле и уништувачот Алпино слетале во Карпатос. Со Договорот од Лозана (1923), Карпатос се придружил на другите острови на Додеканезите станувајќи дел од италијанското владеење на италијанските егејски острови, и бил отстапен од Италија на Грција со Париските мировни договори од 1947 година. Островот формално се приклучил кон Кралство Грција на 7 март 1948 година.

Кон крајот на 1940-тите и 1950-тите, поради економските проблеми по Втората светска војна, голем број жители емигрирале во градовите на источниот брег на САД.

Remove ads

Сообраќај

Националниот аеродром Карпатос, со релативно голема писта, се наоѓа на јужната страна на островот. Карпатос е поврзан со соседните острови и на копното преку фериботи и авиони. Фериботите обезбедуваат превоз до и од Пиреја (преку Крит и Родос). Планираните домашни летови го поврзуваат островот со Родос, Касос, Крит и Атина секојдневно. Дополнително, чартер летовите од различни европски градови често се закажани за време на сезона (април-октомври).

Во рамките на островот, автомобилите се претпочитан начин на транспорт. Пристаништето, аеродромот, главните села и други популарни локации се поврзани со соодветен систем на општински патишта, од кои повеќето се асфалтирани. Во текот на летните месеци, мали приватни чамци секојдневно се оддалечуваат од Пигадија до различни локации, вклучително и Олимпос и некои недостапни плажи.

Remove ads

Население

Според пописот на населението на островот во 2011 година, бројот на жители изнесувал 6.181. Овој број повеќе од двојно се зголемува во летните месеци, бидејќи многумина иселеници доаѓаат на островот за нивниот одмор со своите семејства. Исто така, имајќи го предвид бројот на туристи кои го посетуваат островот, во летните месеци на островот може да има и до 20.000 лица. Густината на населеност е најголема во текот на 15 август, поради фестивалот Панагија (Успение на Богородица), кој се смета за најважен фестивал на островот. Поединци патуваат од целиот свет за да присуствуваат на фестивалот и да ги видат многуте традиции што сѐ уште остануваат на островот.

Remove ads

Плажи

Плажите на островот Карпатос можат да бидат поделени во четири големи групи: плажите на источниот брег се помали, но без ветер; плажите на јужниот дел на островот, во близина на аеродромот, направени од ситен бел песок; песочни плажи на западниот брег се најмногу изложени на етезија и тие се достапни само при услови на низок ветер; плажите на север од островот, достапни само по морски пат, а делумно и со џип.

Remove ads

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads