Бифора
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Бифора (италијански: bifora) — вид на прозорско окно вертикално поделено на два еднакви дела. Секој дел е натсводен со лак, а понекогаш и целата бифора со еден дополнителен лак, при што во просторот меѓу двата помали лакови и големиот лак често се наоѓаат декоративни елементи.
Нивната помасовна употреба во градителството почнува во времето на романиката, а во времето на готиката омилени биле тесни елегантни бифори, главно на црковните камбанарии. Во XII век бифорите се јавуваат во ерменската, а потоа и во исламската архитектура.
Бифорите се задржале и во ренесансата, а потоа излегуваат од мода. Се враќаат во XIX век, во времето на историзмот и возобновата на готиката и романиката.
Овој вид прозорска рамка често се користел за градба на камбанарии.
Remove ads
Поврзано
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads