Благоја Чешларов

југословенски-македонски трубач, музички педагог, продуцент From Wikipedia, the free encyclopedia

Remove ads

Благоја Чешларов (Штип, 1 март 1933 - Белград, 19 ноември 1985) ― југословенски-македонски трубач, музички педагог, продуцент.

Кратки факти Благоја Чешларов, Познат(а) и како ...
Remove ads

Животопис

Ран живот и образование

Благоја Чешларов бил роден на 1 март 1933 година во Штип.[1] Основното училиште го завршил во Штип, додека средно образование стекнал во Средното музичко училиште во Скопје. Потоа се запишал на Вишата педагошка школа во Скопје.

Кариера

Во 1960-тите години работел како наставник во ОУ „Владимир Илич Ленин“. Тој е еден е од основачите на забавниот (танцов) оркестар при македонското Радио Скопје заедно со Драган Ѓаконовски-Шпато, Ладислав Палфи. Подоцна станал прва труба на танцовиот оркестар на Радиото до средината на 1970-тите година кога преминал во новосоздадената музичка продукција при истото радио. Потоа бил главен уредник и продуцент на музичката продукција при Радио Скопје.[2] Во 1976 година е главен сновач е на вокално-инструменталниот состав „Македонија“, во тоа време составен од познатите македонски пејачи и студиски музичари меѓу кои како вокали: Панче и Невена Кочовски, Сашка Петковска, Верица Ристевска, Даниела Панчетовиќ, Зорица Попанкова, Кирчо Поп Лазаров; како инструменталисти: Крсто Таушанов, Марио Липша, Радослав Шутевски, Драган Вучиќ, Томе, Бошко Во 1980 година бил директор на тогаш престижниот Опатиски фестивал како претставник на македонската Радио-телевизија.

Смрт

Починал во Белград на 19 ноември 1985 година.[3][1]

Remove ads

Дискографија

Синглови[4]
  • Молчи, молчи, јануари 1970, со Димитар Масевски (аранжман и музика)
  • Последна солза, јануари 1970 со Димитар Масевски (аранжман и музика)
  • Дај ми молњи, јануари 1972 со Владо Димитровски (тапани), Никола Кимовски-Коле (органа), Љубомир Бранѓолица (композитор)
  • Waltz, јануари 1985
Проширени изданија[4]
Remove ads

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads