Блажо Еленов

From Wikipedia, the free encyclopedia

Блажо Еленов
Remove ads

Блажо Еленов ( 1908 во Ваташа 1967 во Кавадарци) — македонски партизан, учесник во Народноослободителната војска на Македонија и бил на чело на Општина Кавадарци[1] во 1944 година.[2]

Кратки факти Роден, Починал ...

Животопис

Thumb
Кавадаречки занаетчии сликани во Белград 1940 година. Стојат од лево на десно: Ѓорѓи Чејков, Ѓорѓи Чемерски, Димо Зарков, Дончо Дубров, Добре Кривиот, Ѓорѓи Шемов, Цандо Мицајков, Ицо Митрев –Жилата, Николаќо Игнатов-Муло, Гичо Бакев, Димо Јосифов, Панчо Грозданов, .

Потекнувал од занаетчиско семејство. Го изучил шивачкиот занает кај Спиро Даскалов, а потоа заминал во Загреб каде што работел во една шивачка задруга. Во 1931 година се вратил во Кавадарци и се вклучил во активностите на напредното движење. Во пролетта 1937 година бил уапсен и осуден на три месеци затвор во Велес поради комунистичка дејност.[2] Бил дел од групата кавадаречки занаетчии кои заминале на привремена работа во Белград.[3] Во времето на исфрлање на тиквешкиот партизански одред е доста активен, а на 20 мај 1943 година заедно со една поголема група кавадарчани е уапсен од бугарската полиција и интерниран во Свиштов во работните логори за превоспитување, каде што останал шест месеци.[2]

По ослободувањето на Кавадарци на 20 септември бил избран за претседател на НOO на која функција останал неколку месеци. По војната се повлекол од политиката и продолжил да работи на својот занает. Починал во 1967 година во Кавадарци.[2]

Remove ads

Поврзано

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads