20 мај
датум From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Предлошка:Мај 2025 20 мај — 140-иот ден во годината според грегоријанскиот календар (141-и во престапна година). Остануваат 225 денови до крајот на годината.
Настани:
| 1836 | Основани првите професионални противпожарни служби во Македонија. Овој ден се празнува како Ден на пожарникарството во Македонија. |
| 1875 | Во Париз се одржала дипломатска конференција за метарот, на која е основано Меѓународното биро за тегови и мерки. Со тоа започнало средувањето на безредието во областа на мерните единици на одделни физички големини. |
| 1876 | Во селото Разловци во Источна Македонија избувна Разловечкото востание на македонскиот народ против османлиската војска. И покрај неуспехот на востанието, тоа имаше големо значење за будењето на националната свест и за народноослободителната борба на македонскиот народ. |
| 1926 | Со мирот во Џеда потпишан со кралот Ибн Сауд, Велика Британија ја призна независноста на Саудиска Арабија. |
| 1990 | Во Романија на првите слободни избори по 45 години победи партијата Фронт за национален спас. |
| 2023 | Јаков Милатовиќ стапува на функцијата претседател на Црна Гора. |
Родени:
| 1799 | Оноре де Балзак — француски писател. |
| 1806 | Џон Стјуарт Мил — англиски филозоф и економист. |
| 1875 | Парашкев Цветков — бугарски револуционер. |
| 1901 | Макс Еве — холандски шахист и поранешен претседател на ФИДЕ. |
| 1908 | Џејмс Стјуарт — американски глумец. |
| 1946 | Шер — американска пејачка. |
| 1952 | Роже Мила — камерунски фудбалер. |
| 1955 | Маноло Каденас — шпански ракометен тренер. |
| 1962 | Александар Дедјушко — руски театарски и филмски глумец. |
| 1964 | Миодраг Белодедич — романски фудбалер. |
| 1965 | Били Донован — американски кошаркар и тренер. |
| 1967 | Павлe — грчки принц. |
| 1973 | Самуеле Папи — италијански одбојкар. |
| 1981 | Икер Касиљас — шпански фудбалер. |
| 1982 | Петр Чех — чешки фудбалер. |
| 1985 | Николај Липкин — руски кануист-спринтер. |
| 1985 | Крис Фрум — британски велосипедист. |
| 1992 | Енес Кантер — турски кошаркар. |
| 1992 | Вацлав Кадлец — чешки фудбалер. |
| 1995 | Вјачеслав Караваев — руски фудбалер. |
Починале:
| 1277 | Јован XXI — римски папа. |
| 1506 | Кристофер Колумбо — шпански истражувач и откривач на Новиот Свет. |
| 1622 | Осман II — отомански султан. |
| 1859 | Јосип Јелачиќ — хрватски бан. |
| 1896 | Клара Шуман — германска пијанистка и композиторка, сопруга на Роберт Шуман. |
| 1940 | Вернер фон Хејденстам — шведски поет и нобеловец. |
| 1981 | Архиепископ Охридски и Македонски г.г. Доситеј — прв архиепископ охридски и македонски, поглавар на Македонската православна црква. |
| 1989 | Џон Хикс — британски економист. |
| 2002 | Стивен Џеј Гулд — американски палеонтолог, еволуционист и историчар на науката. |
| 2013 | Реј Манзарек —амрикански рок-музичар, член на групата „Дорс“. |
| 2019 | Ники Лауда — австриски автомобилист, поранешен првак во „Формула 1“. |
Remove ads
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads