Блаштица
река во Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Блаштица — река во Македонија, сместена во подрачјето помеѓу планините Мариовски Козјак и Кожуф.[1]
Се наоѓа источно од селото Рожден, а се влева во Црна Река.[1] Реката претставува значајно геонаследство од сферата на хидрологијата во Македонија.[2]
Remove ads
Течение
Реката Блаштица е збирно име кое реката го добива во долниот тек. Водотекот извира под врвот Голем Козјак (1.814 м.) на надморска височина од 1.720 метри, тогаш позната како Мајденска Река, која настанува со спојување на водите на Бистричка Река и на Јаворска Река. Кај селото Рожден, реката е позната како Бистра, а кога започнува да се движи кон селото Мрежичко е позната како Блаштица и се движи кон северозапад.[3]
Remove ads
Слив
Сливното подрачје на реката изнесува 184,32 км2.[1]
Клисура
Помеѓу селата Рожден и Мрежичко, изградена е импозантна клисуреста долина, која на места има кањонски карактер. Овде речното дно се всекува во цврста карпеста подлога претставена со тријаски мермеризирани варовници и доломити. Долж речното корито се забележуваат и помали каскади и џиновски лонци.[3]
Долината низводно од селото Рожден има должина од 11 километри.[2]
Загадување
Реката годишно носи нанос од 50.000 м3, кој главно се слива од отворениот коп на рудникот ’Ржаново, чиј нанос завршува во Блаштица преку притоката Казарик.[4]
Галерија
- Реката во близина на вливот кај Тиквешкото Езеро
- Реката покрај локалниот пат Мрежичко-Рожден
- Реката над селото Мајден
- Реката во близина на вливот кај Тиквешкото Езеро
Поврзано
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads