Мрежичко
село во Општина Кавадарци From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Мрежичко — село во Општина Кавадарци, во околината на градот Кавадарци.
Remove ads
Географија и местоположба

Селото се наоѓа југозападниот дел од Општина Кавадарци, меѓу сливните подрачја на Црна Река и Бошавица, а чиј атар се издига високо и се допира со државната гранична линија со Грција.[2] Селото е ридско, на надморска височина од 500 метри. Од градот Кавадарци, селото е оддалечено околу 34 километри.[2]
Има мошне голем атар, што зафаќа простор од 57,7 км2. На него преовладуваат шумите на површина од 4.251 хектар, на обработливото земјиште отпаѓаат 314 хектари, а на пасиштата 127 хектари.[2]
Remove ads
Историја
Во XIX век, Мрежичко било село во нахијата Рожден во Тиквешката каза на Отоманското Царство.
Стопанство

Селото има полјоделско-шумарска функција.[2]
Во самото село се наоѓаат погоните на фабриката за производство на вода Кожувчанка.
Население
Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Мрежичко имало 431 жител, од кои 425 Македонци христијани и 6 Албанци муслимани.[3] По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Мрежичко имало 320 жители.[4]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 550 Македонци.[5]
Поради иселување на населението, Мрежичко преминало од средно во мало село. Така, селото во 1961 година имало 320 жители, од кои 304 биле Македонци, 8 Срби, 3 Хрвати и петмина жители муслимани, а во 1994 година 57 жители, македонско население.[2]
Според пописот од 2002 година, во селото Мрежичко имало 32 жители, од кои 31 Македонец и 1 останат.[6]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 8 жители, од кои 5 Македонци и 3 лица без податоци.[7]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[8]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[9]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[10]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]
Remove ads
Самоуправа и политика


Селото влегува во рамките на Општина Кавадарци, која била променета со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година, при што кон нејзе била придодадена поранешната општина, Конопиште. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Конопиште.
Во периодот 1950-1952, селото било седиште на некогашната општина Мрежичко, во која селото Мрежичко било единствено.
Во периодот 1952-1955, селото било седиште на тогашната општина Мрежичко, во која покрај селото Мрежичко се наоѓале селата Бојанчиште, Клиново и Рожден.
Во периодот 1955-1965, селото било дел од тогашната општина Конопиште.
Во периодот 1965-1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата Општина Кавадарци.
Избирачко место
Во селото постои избирачко место бр. 0711 според Државната изборна комисија, кое е сместено во зграда на општината, поранешни простории на месната заедница и младински дом во селото.[12]
На локалните избори во 2017 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 29 гласачи.[13] На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 27 гласачи.[14]
Remove ads
Личности
Личности родени во Мрежичко:
- Дукадин Маневски (1915-1944) — македонски револуционер, учесник во НОВ на Македонија.
- Анчо Митков (1919-1944) — македонски револуционер, учесник во НОВ на Македонија.
Културни и природни знаменитости
- Цркви[15]
- Црква „Св. Димитриј“ — главна селска црква
- Црква „Пресвета Богородица“ — помала селска црква
- Археолошки наоѓалишта
- Васов Град — утврдена населба од доцноантичко време
- Природни реткости
- Васов Град — палеовулканска купа
Култура и спорт
Од 2016 година, селото претставува средишна точка на дводневниот фестивал на отворено Алшар - допри го сонцето, кој се одржува во текот на јуни.
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads