Блајхероде
град во Германија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Блајхероде (германски: Bleicherode) — мал град во округот Нордхаузен, во сојузната покраина Тирингија, Германија. Се наоѓа на реката Випер, 17 километри југозападно од окружниот град Нордхаузен.
Remove ads
Географија
Местоположба
Местото се наоѓа помеѓу масивите Харц и Хајнлајте и е опкружен од ридовите Блајхередер. Низ самиот град тече Блајхе, притока на Боде.
Градски единици
Покрај самото градско јадро на Блајхероде, во градското подрачје влегуваат и местата: Блидунген, Еленде, Ецелсроде, Фридрикстал, Грацунген, Хајнроде, Хинштајн, Киндероде, Клајнбодунген, Кенигстал, Краја, Мителдорф, Мербах, Нора, Обердорф, Обергебра, Пустлебен, Вернроде, Випердорф, Волерслебен и Волкрамсхаузен.
Remove ads
Припојувања
На 22 јануари 1994 година кон градот била припоена Еленде, додека на 1 декември 2007 година, поранешната општина Обергебра.[2] На 1 јануари 2019 година кон градот биле припоени општините Ецелсроде, Фридрикстал, Хајнроде, Клајнбодунген, Краја, Нора, Випердорф и Волкрамсхаузен кон новиот град Блајхероде.[3] Сите овие општини претходно припаѓале на распуштената општинска заедница Хајнлајте.
Политика
Градски совет
Бројот на членови во градскиот совет на Блајхероде по новоосновањето на самиот град бил зголемен од 21 на 34 лица. На изборите одржани на 26 мај 2019 година биле избрани следниве членови:
Партија / Листа | Места |
CDU | 10 |
Левица | 5 |
WG-H/W | 4 |
AfD | 4 |
SPD | 4 |
FDP | 3 |
FFW-FW | 2 |
F-CDU | 1 |
RWK | 1 |
Градоначалник
Градоначаланикот Франк Роштек (CDU) бил повторно избран на општинските избори во 2019 година.[4]
Збратимени градови
Блајхероде е збратимен со следниве градови:
Познати личности
- Август Хајнрих Петерман — картограф
Галерија
- Градското собрание
- Железничката станица
- Градската црква
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads