Боденвердер

From Wikipedia, the free encyclopedia

Боденвердерmap
Remove ads

Боденвердер (германски: Bodenwerder; службено наречен Минхаузенштат Боденвердер) — мал град во округот Холцминден, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија. Се наоѓа на реката Везер и е најмногу познат како родното место на Барон Минхаузен.

Кратки факти Земја, Местоположба на градот Боденвердер во рамките на округот Холцминден ...

Градот претставува административно седиште на општинската заедница Боденвердер-Поле.

Remove ads

Географија

Боденвердер се наоѓа помеѓу градовите Хамелн и Холцминден на реката Везер. Југоисточнот од него се наоѓа ридскиот масив Фоглер. Во близина на градот во Везер се влева реката Лене.

Градски единици

Градот Боденвердер е составен од:

  • Боденвердер
  • Бухаген
  • Кемнаде
  • Линзе
  • Риле

Историја

Боденвердер го добил статусот на град во 1287 година од Хајнрих II фон Хомбург. Постоел важен мост над реката во 1289 година, кој ги поврзувал Хамелн-Падерборн со Ајнбек-Франкфурт. Околу 1340 година владетел на населбата бил Хомборг Бодо, кој го осмислил градот со ѕидини и кули. Од него потекнува името на градот.

Во 1750 година се родил Барон Минхаузен, кој се повлекол тука и ги раскажувал познатите приказни на неговите пријатели. Умрел во 1797 година и е погребан во градот. Неговата куќа била купена од градот во 1935 година и се користи како Градско собрание.

Remove ads

Култура

Наградата „Минхаузен“ за забава се доделува во мај секоја година.

Знаменитости

Музејот Минхаузен и споменикот, како и неговиот грб во манастирската црква во Кемнаде, се познати туристички одредишта. Во градот се наоѓа и готската црква „Св. Никола“. Околу градот се наоѓаат остатоци на средновековните утврдувања.

Познати луѓе

  • Барон Минхаузен (1720-1797) — раскажувач
  • Јонатан Брил (1942-1988) — писател, режисер и текстописец

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads