Боденфелде

општина во Германија From Wikipedia, the free encyclopedia

Боденфелдеmap
Remove ads

Боденфелде (германски: Bodenfelde) — општина во округот Нортхајм, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија. Се наоѓа на десниот брег на реката Везер, околу 35 километри северно од Касел и 30 километри северозападно од Гетинген на југозападниот раб на Природниот парк Золинг-Фоглер.

Кратки факти Земја, Местоположба на Боденфелде во рамките на округот Нортхајм ...

Општината поседува пазарно право и со тоа има некои одлики на град, но официјално не ги добила градските права. Сепак, означена е како „флекен“ (Flecken), мала населба со локално значење. Во општината покрај Боденфелде влегуваат и уште две други места.

Remove ads

Географија

Местоположба

Местото Боденфелде се наоѓа на јужниот дел од Природниот парк Золинг-Фоглер во горниот тек на Везер. Се наоѓа помеѓу планинските области Золинг на север и Рајнхардсвалд на југ. Боденфелде се наоѓа на еден меандер на Везер, во кој се влева Рајербах.

Местото е сместено помеѓу 105 и 145 метри надморска височина, во близина на шумското подрачје Везерско Средногорје. Највисока точка близу Боденфелде е Калтеварте (340,7 м). Со својата површина од скоро 20 км2 претставува најмала општина во округот Нортхајм.

Општински единици

Боденфелде се состои од следниве единици:

  • Боденфелде
  • Ниновер
  • Вамбек
Remove ads

Историја

Боденфелде бил првпат споменат во документ потпишан од Лудвиг I Побожен во 833 година. Во доцниот среден век, Боденфелде бил дел од Грофовијата Дасел. Амелит, Ниновер, Полир и Вамбек биле села околу Боденфелде кои биле припоени кон општината во 1974 година.

Постоела еврејска заедница во Боденфелде, која била протерана во нацистичко време. Продадена на земјоделец во 1937 година, дрвената синагога од 1825 година ја преживеала Кристалната ноќ, кога сопственикот ја одбранил од вандали. На почетокот на XXI век, синагогата била пренесена во блискиот Гетинген, кој имал еврејска заедница со потреба од синагога.

Во 2008 година бил фатен убиецот со прекар „Црна вдовица“. Во период од две децении, заведувала и убивала или убила најмалку четворица постари мажи за нивните пари.[2]

Remove ads

Познати луѓе

  • Јакоб Фројдентал

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads