Боетиј
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Аникиј Манлиј Северин Боетиј, познат како Боетиј, (латински: Anicius Manlius Severinus Boethius, 480 - 524) - римски поет и филсооф.

Животопис
Боетиј служел во дворецот на кралот Теодорих (кому му бил добар пријател) во Равена, но подоцна бил обвинет за предавство, затворен и погубен. Познато е дека имал богата библиотека, обложена со кристал и со слонова коска.[1]
Творештво
Боетиј бил плоден писател, а се занимавал и со преведување на старогрчките философи и математичари. Додека го чекал извешувањето на смртната казна, во затворот, го напишал своето најважно дело, „Утехата на философијата“ во пет книги. Во него, персонифицираната философија го посетува во затворската ќелија за да го утеши и му зборува за променливата човекова среќа и за доблеста која не може да му се одземе на човекот. Боетиј се смета за последниот писател од античкото време.[1]
Remove ads
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads