Божуриште

From Wikipedia, the free encyclopedia

Божуриштеmap
Remove ads

Божуриште (бугарски: Божурище) — град во Западна Бугарија, административен центар на општината Божуриште во Софиската Област. Има население од околу 5.938 жители (2022).[1]

Кратки факти Божуриште Божурище, Земја ...
Remove ads

Географија

Градот се наоѓа на 573 метри надморска височина во западниот дел на Софиското Поле, 13 километри северозападно од центарот на Софија и 16 километри југоисточно од Сливница. Се појавил на крајот на 19 век околу военен објект врз земјиштето на блиското село Гурмазово, а неговата населба „Максим Горки“ врз земјиштето на селото Пролеша.[2]

Историја

Почетокот на град Божуриште како населба е во 1897 година, кога на земјиштето на селото Гурмазово бил создаден коњски комплекс за потребите на бугарската војска. Околу него постепено почнале да се градат приватни и државни објекти и така настанала денешната населба. Таа била наречена „Божуриште“ поради многуте диви божури во ливадите околу неа. На 15 август 1997 година за 100-годишнината од основањето селото Божуриште било прогласено за град.[3]

Remove ads

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads