1997
година From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
1997 (MCMXCVII) — година според општоприфатениот календар. Тоа била 1997 година од новата ера, 997. од вториот милениум, 97. од XX век и осма од 1990-тите.

Remove ads
Други календари
Истата година се среќава поинаку во календарите на различни народи и култури. Меѓу попознатите се вбројуваат: византискиот, асирскиот, еврејскиот, римскиот, кинескиот, будистичкиот и исламскиот.
Така, во византискиот календар, којшто времето го мери од создавањето на светот според Библијата, на 1 септември 5509 г. п.н.е. според продолжениот јулијански календар, истата трае во текот на 7505 и 7506 година. Според асирскиот календар, во којшто мерењето на времето започнува од 4750 г. п.н.е, кога се проценува дека бил изграден првиот храм во граот Асур, станува збор за 6747 година. Понатаму, во еврејскиот календар, којшто започнува на 1 септември 3760 г. п.н.е. според продолжениот јулијански календар или околу една година пред создавањето на светот според Евреите, годината се протега во текот на 5757 и 5758 еврејска година. Според календарот на Римјаните, којшто започнува од 753 г. п.н.е., кога браќата Ромул и Рем го основале градот Рим (познато и како Ab urbe condita), годината е избројана како 2750.
Во рамките на кинескиот календар, пак, постојат две поделени мислења за почетокот на броењето на годините: едни сметаат дека тоа е 61 година од владеењето на легендарниот Жолт цар или 2637 г. п.н.е.; додека други сметаат дека за почеток треба да се земе годината кога Жолтиот цар станал владетел, т.е. 2697 г. п.н.е. На тој начин, според првото гледиште, 1997 година се протега во 4633 и 4634, додека според второто гледиште, годината трае во текот на 4693 и 4694 кинеска година. Будистичкиот календар започнува да го мери времето од 543 г. п.н.е., година во којашто се смета дека Буда достигнал состојба на нирвана, и годината ја брои како 2540. Според исламскиот календар, во којшто мерењето на времето започнува со 622 година, т.е. годината на пребегнувањето на пророкот Мухамед од Мека во Медина (позната и како хиџра), годината се протега во текот на 1417 и 1418 исламска година.
Remove ads
Настани
јануари
- 1 јануари - Здружението на издавачите и книжарите на Македонија е примено во Меѓународната асоцијација на издавачите со седиште во Женева.
- 18 јануари - Австрискиот канцелар Франц Враницки поднесе оставка на функцијата по 11 години служба.
- 30 јануари – Собранието на Република Македонија го донесува Законот за јазиците на кои се изведува наставата на Педагошкиот факултет во Скопје.
февруари
- февруари и март - Се одржуваат големи студентски и средношколски протести на Македонците.
март
- 6 март – ТАТ Штедилница – Битола е ставена под принудна управа на Народната банка на Македонија
- 7 март – Избива Аферата ТАТ.
април
- 19 април - Демократската и Либералната партија се обединија формирајќи ја Либерално демократската партија.
- 22 април – По 126-дневна заложничка криза во јапонската амбасада во Перу, владините сили извршуваат напад при што заложниците се ослободени, а сите 14 бунтовници, членови на Тупак Амару, се убиени.
мај
- 1 мај – На парламентарните избори во Британија победува Лабуристичката партија, со што Конзервативната партија по 18 години владеење се повлекува од власт.
- 16 мај – Мобуту Сесе Секо го напушта Заир.
- 25 мај – Во Сиера Леоне е извршен воен удар.
јуни
- 3 јуни - Бранко Наумоски е избран за прв народен правобранител на Република Македонија.
- 11 јуни – Челниците на Партијата за демократски просперитет на Албанците и на Народната демократска партија, Арбен Џафери и Илијас Халими, во Гостивар потпишуваат спогодба за обединување на двете партии во Демократска партија на Албанците.
јули
- 1 јули - Трансфер на суверенитетот над Хонгконг од Велика Британија на НР Кина.
- 13 јули – Посмртните останки на Че Гевара се пренесуваат во Куба.
- 8 јули - Усвоен е Законот за употреба на знамињата, со кој беше регулирана употребата на македонското државно знаме, а беше забранета употребата на знамиња на други држави во државните и локалните институции.
- 9 јули - Масовни нереди во Гостивар, тројца етнички Албанци загинаа, а десетици цивили и полицајци се повредени.
август
септември
октомври
- 21 октомври - Мило Ѓукановиќ е избран за претседател на Црна Гора.
ноември
декември
- 3 декември – Во Отава, Канада, 121 земја го потпишуваат Договорот за забрана на производството и употребата на антиперсонални мини. САД, Кина и Русија не го потпишуваат договорот.
- 30 декември – Во Скопје излегува првиот број на магазинот „Форум“.
Remove ads
Родени
Починале
- 19 февруари - Денг Сјаопинг, кинески претседател
- 5 април - Ален Гинзберг, американски поет
- 25 јуни - Жак Кусто, француски океанограф
- 14 април - Видое Подгорец, македонски писател
- 31 август - Дајана, британска принцеза
- 4 септември - Ханс Ајзенк, германски психолог
- 5 септември - Мајка Тереза, католичка мисионерка и хуманитарка
- 7 септември - Мобуту Сесе Секо, заирски претседател
- 5 ноември - Исаија Берлин, британски политички филозоф
Remove ads
Поврзано
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads
