Бокс

From Wikipedia, the free encyclopedia

Бокс
Remove ads

Бокс — спорт што вклучува напад и одбрана со тупаници.

Кратки факти Насоченост, Земја на потекло ...
Remove ads

Современ бокс

Во современиот бокс, боксерите носат меки ракавици а натпреварувањето трае 12 триминутни рунди во квадрат ограден со јажиња, познат како ринг.

Боксот во Стара Грција и Рим

Во Стара Грција борачите користеле тесни каиши на рацете и подлактниците, додека во Рим гладијаторите на рацете користеле кожени покривачи со метални клинци (цести) и најчесто се бореле до смрт.

Боксот од 1839 година до 1904 година

Со воведувањето на лондонските правила на рингот во 1839 г., удирањето со нога, туркањето, удирањето со глава, гризењето и удирањето под појасот, биле отстранети од стандардниот боксерски репертоар. Правилата од Квинсбери од 1867 г. барале носење ракавици, но сепак боксувањето со голи раце продолжило до 1880 г. Последниот од познатите борачи со голи раце бил Џон Л. Саливан. По Саливан, САД станале прво место по бокс, делумно поради тоа што имигрантите го обновувале влогот на боксерите. Боксот е вклучен во Олимписките игри во 1904 г.

Категории

Денес во професионалниот бокс постојат 17 тежински класи:

  • суперлесна до 48 кг
  • јуниорска мува до 49 кг
  • мува до 51 кг
  • јуниорска бантам до 52 кг
  • бантам до 53,5 кг
  • јуниорска перолесна до 55 кг
  • перолесна до 57 кг
  • јуниорска лесна до 59 кг
  • лесна до 61 кг
  • јуниорска велтер до 63,5 кг
  • велтер до 67 кг
  • јуниорска среднотешка до 70 кг
  • среднотешка до 72,5 кг
  • суперсредна до 76 кг
  • лесно-тешка до 79 кг
  • полутешка до 86 кг
  • тешка над 86 кг
Remove ads

Правила

Натпреварувачот може да победи на два начина: со нокаутирање, т.е. со соборување на противникот (при што судијата му брои до 10) или со собирање повеќе бодови од противникот. Судијата, исто така, може да ја запре борбата кога еден боксер е лошо удрен (технички нокаут или ТКО) или може да го дискфалификува боксерот поради нарушување на правилата и да му ја додели победа на неговиот противник.[1]

Боксот како тема во уметноста и во популарната култура

Боксот се јавува како тема во бројни дела од уметноста и популарната култура, како:

  • „Исхраната на боксерот“ — басна на американскиот писател Емброуз Бирс.[2]
  • „Надежи и стравови за вас, прекрасни луѓе“ — краток расказ на македонскиот писател Марко Петрушевски.[3]
  • „Шеснаесет рунди“ — краток расказ на Оливера Ќорвезироска од 2021 година.[4]
  • Тело и душа“ (англиски: Body and Soul) — американски филм од 1947 година, во режија на Роберт Росен.[5]
  • Шампион“ (англиски: Champion) — американски филм од 1949 година, во режија на Марк Робсон.[6]
  • Роки“ (англиски: Rocky) — американски филм од 1976 година, во режија на Џон Ејвилдсен.[7]
  • „Боксерот“ (англиски: The Boxer) — песна на американското дуо Пол Сајмон и Арт Гарфанкел од 1970 година.[8]
  • „Боксер“ — песна на македонската група Фолтин од 2012 година.[9]
  • „Боксерот“ (англиски: The Boxer) — песна на американската фолк-музичарка Емилу Харис (Emmylou Harris) од 1980 година.[10]
Remove ads

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads