Борис Мисирков

From Wikipedia, the free encyclopedia

Remove ads

Борис Мисирков е уметник, фотограф, филмски снимател и продуцент со македонско потекло од Бугарија,[1] правнук на Крсте Мисирков.

Животопис

Борис Мисирков е роден на 8 февруари 1971 година во Софија[2] во фамилијата на познатиот македонски филолог, јазичар, историчар, фолклорист, етнограф, публицист, политичар, револуционер и борец за македонската национална афирмација Крсте Мисирков.[3] Учи во Гимназијата за древни јазици и култури во истиот град, каде се сретнува со својот иден соработник, уметникот Георги Богданов. Во 1996 ја завршува театарската академија „Крсто Сарафов“ во Софија. Во 1996-1997 студира во центарот за уметност FABBRICA на Оливеро Тоскани во Тревизо, Италија. Во 1998 го создава уметничкото студио „Агитпроп“, во кое е водечки продуцент и до денес. Тој е еден од основачите на Бугарската фотографска асоцијација. Работи претежно во тандем со Георги Богданов.

Remove ads

Дела

Заеднички со Георги Богданов во 1995 ја добиваат престижната награда за фотографија на фестивалот во градот Вевеен во Швајцарија. Нивни изложби, како „ID 2000“, „Ветерани на културата“, „Бугарската врска“, „Надвор од сезоната“, со успех се прикажани во многу држави, како во Русија, Словачка, САД, Италија, Австрија, Германија. Филмот „Георги и пеперутките“ од 2004 година добива награди на фестивали во Амстердам, Сараево, Краков. Филмот „Проблемот со комарците & други приказни“ ја добива главната награда „Златна потковица“ на фестивалот „Астерфест“ во Струмица во 2008 година[4], а исто така награди на филмови фестивали во Карлови Вари, Сараево, Лондон, Приштина, учества и во селекцијата на фестивалот во Кан.[5] Во 2008 филмот „Коридор #8“ ја добива наградата „Срцето на Сараево“ на филмскиот фестивал во Сараево за наjдобар документарен филм[6], учества во селекцијата на Берлинале, каде добива наградата на екуменистичкото жири.[7] Во септември 2009 уметничкиот проект „Со пријател блиску до тебе“, посветен на борбата со ракот на дојката, е претставен во зградата „Берлиамонт“ на Европската Комисија во Брисел.[8]

Remove ads

Извори

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads