Крсто Сарафов

From Wikipedia, the free encyclopedia

Крсто Сарафов
Remove ads

Крсто Петров Сарафов (бугарски: Кръстьо Петров Сарафов) ― наjпрочуениот театарски глумец од Бугарија. Тој е помалиот брат на револуционерот на Македонскиот комитет и ВМОРО Борис Сарафов.

Кратки факти Роден, Починал ...

Животопис

Thumb
Сарафов во улогата на Тартиф.

Роден е на 6 април 1876 година во Либјахово, Пиринска Македонија. Учел во Петербург. Дебитирал во 1899 година во театарот „Солза и смев” во Гогољевиот “Ревизор”, но поголем број од улогите после тоа ги изигрува на сцената на Народниот театар “Иван Вазов” во Софија.

Меѓу највпечатливите негови улоги се Сирано де Бержерак (во истоимената пиеса на Едмон Ростан), Тартиф и Арган (во Молиеровите Тартиф и Вообразениот болен), Фамусов (во Страда од умот на Грибоедов).

Националната академија за театарска и филмска уметност во Софија го носи името на Сарафов од 1951 година [1]. Умира на 27 август 1952 година во Софија.

Сарафов бил член и на Македонскиот Научен Институт.

Remove ads

Извори

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads