Борис II

бугарски владетел From Wikipedia, the free encyclopedia

Борис II
Remove ads

Борис II (околу 929978 или 979) — бугарски владетел на Првото Бугарско Царство од Крумовата династија во периодот од 969 до 971 година. Тој е првороден син од бракот на царот Петар I со царица Ирина Лакапина.

Кратки факти На престол, Претходник ...
Remove ads

Заложништво

Заедно со неговиот брат Роман бил даден како заложник во Цариград, каде што во 969 (според некои историчари во 970) година, по смртта на цар Петар, браќата се вратиле во Бугарија.

Владеење

Борис II станал цар на Бугарите во многу лоша состојба на земјата. Од север земјата била нападната од Киевска Русија, и бил заземен главниот град Преслав. Потоа кнезот Светослав I го зазел и Пловдив, по кое се упатил кон Тракија. Во меѓувреме, во 969 година, византискиот цар Никифор II Фока бил убиен и на престолот се качил Јован I Цимискиј кој се обидел да го убеди Светослав да се повлече од Бугарија со дипломатски средства, но безуспешно. Во 970 година руско-бугарската војска влегла во Тракија. Светослав со себе го донел кандидатот за византискиот престол - Калокир од Херсонес. Градот Филипопол (Пловдив) бил преземен и дел од неговите жители биле убиени. Византискиот војсководец Варда Склир успеал да ја порази Русија кај Аркадиопол, но неуспехот не ги сопрел нападите на Светослав.

Thumb
Јован Цимискиј триумфално влегува во Цариград заедно со заробениот бугарски цар Борис II

Според договорот руските војници се повлекле од Бугарија. Спротивно на ветувањата, Цимискиј ја наметнал византиска воена администрација во освоените бугарски територии во Тракија и источна Мизија. Бугарското Царство заедно со Бугарската патријаршија биле уништени, а царот Борис II бил однесен како заробеник во Цариград.

Remove ads

Предци

Претходник
Петар I
Цар на Бугарија
969–977
Наследник
Роман
Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads