Светослав I

From Wikipedia, the free encyclopedia

Светослав I
Remove ads

Светослав (староисточнословенски: Свѧтославъ Игорєвичь;[1][б 1] ок.943 — 972) — кнез на Киев од 945 до неговата смрт во 972.[2] Тој е познат по неговите походи на исток и на југ, кои го забрзале падот на две големи сили во Источна Европа, Хазарија и Првото бугарско царство. Тој потчинил голем број на источнословенски племиња, ги победил Аланите и ги нападнал Волшките Бугари,[3][4] и понекогаш стапувал во сојуз со Печенезите и Маѓарите (Унгарците).

Thumb
Инвазијата на кнезот Светослав во Бугарија
Кратки факти Кнез на Киев, На престол ...

По смртта на неговиот татко, Игор во 945 година, мајката на Светослав Олга владеела како регент до 962 година.[5][6][7][8] Неговото децениско владеење со Киевска Рус било обележано со брза експанзија по долината на реката Волга, Понтската степа, и Балканот, што доведе до создавање на најголемата држава во Европа. Во 969, тој го преместил своето седиште во Преславец на Дунав.[9][10] Во 970 година, ги назначил неговите синови Јарополк и Олег како кнезови на Киев и Древљанија подредени на него, а Владимир, неговиот син со неговата холопка Малуша, за кнез на Новгород.[11][12]

Спротивно на неговата мајка Олга, која се преобратила во христијанство, Светослав останал паган целиот свој живот.[13] Поради неговата ненадејна смрт во заседа, неговите освојувања во најголем дел не биле консолидирани во функционална империја, додека неговиот неуспех да воспостави стабилно наследување, довело до братоубиствен судир меѓу неговите тројца синови, што довело со смрт на Јарополк и Олег, додека Владимир останал единствен владетел.[14]

Remove ads

Наводи

Библиографија

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads