Бостонско крвопролевање
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Бостонско крвопролевање — крвопролевање што се случило кога пет граѓани биле застрелани и убиени од осум британски војници на 5 март 1770 г.[1] Тоа било во Бостон, Масачусетс, кој во тоа време бил британска колонија. Настанот се случил ноќе кога пред Царинарницата се собрала голема толпа. Еден британски војник по име Хју Вајт удрил момче што го навредувало неговиот командант. Момчето побегнало и се вратило со голема толпа гневни луѓе. Повеќе британски војници дошле да помогнат во заштитата на Хју Вајт од народот. Толпата фрлала снежни топки со школки внатре и ги удирала со дрвени палки. Како што толпата станувала сѐ поголема и поголема, сцената станувала сѐ похаотична. Некој од толпата извикал: „Пукајте“. Во збрката, некои од војниците испукале во толпата. Криспус Атакс, Афроамериканец, бил еден од првите убиени луѓе.
Судењето по крвопролевањето се одржало во граѓански суд со порота составена од месни граѓани. Џон Адамс бил адвокатот на војниците. Судот одлучил дека шест војници се невини, а двајца виновни за убиствата. Офицерот Томас Престон, исто така, подоцна бил прогласен за невин, откако поротата не можела да утврди дека им наредил на војниците да пукаат врз граѓаните. Убедувањата на поротата претполагаат дека војниците биле испровоцирани и дека нивната употреба на сила не била сосема неоснована.[2]
Remove ads
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads