Афроамериканци
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Афроамериканци или Африкански Американци – поим кој денес во Соединетите Американски Држави се користи службено за да ги означи жителите со црна боја на кожата, односно, потомците на африканските робови доведени во Северна Америка меѓу XVII и XIX век. Машките се нарекуваат црнци, а жените црнкинки (црнкињи е изведенка, но се претпочита првото).

помалку од 2%
2% -5%
5% - 10%
10% - 15%
15% - 20%
|
20% - 25%
25% - 30%
30% - 35%
35% - 40%
|
Поимот Афроамериканци, кој прв почнал да го користи црниот националистички водач Малколм Икс, настојува да го замени поимот „црнци“ (англиски: Blacks), кој во тогашната црнечка заедница се сметал за еднакво навредлив како „негро“ и „обоени“. Поимот, наместо по раса, американските црнци требало да ги идентификува според областа од каде потекнуваат нивните предци и така да ги изедначи со етничките групи во американската нација како што се Италоамериканците или Порториканците.
Според податоците на американското Биро за попис на населението, во САД живеат 40,7 милиони Афроамериканци, кои претставуваат 12,7 % од вкупното население. Според пописот од 2000 година 58,4 % од нив живеат на американскиот југ. Но, 88 % од сите Афроамериканци живеат во големите градови, така што во некои од нив, како Гери, Детроит, Атланта, Мемфис и Вашингтон, тие се мнозинство.
Поимот „Афроамериканци“ во 1990-тите години, во времето на „политичка коректност“, се одомашил во американската јавност и влегол во службена употреба. Но, истовремено предизвикал доста контроверзии, со оглед дека неговата употреба предизвикувал низа недоразбирања и збрки.
Така поимот се користи исклучиво за лицата со црна боја на кожата, а не се применува на Американците со бела боја на кожата кои емигрирале од Африка или оттаму им потекнуваат предците (Бербери, Африканери).
Истовремено овој поим се користи за секое лице со црна боја на кожата кое живее на територијата на САД, без разлика дали истото му припаѓа на некоја специфична етничка група како што се Јамајканците или Хаиќаните.
Remove ads
Демографија
Remove ads
Познати Афроамериканци
- Азалија Банкс
- Бијонсе Ноулс
- Барак Обама
- Боб Марли
- Леброн Џејмс
- Лил Ким
- Мајк Тајсон
- Опра Винфри
- Рик Рос
- Тина Тарнер
- Витни Хјустон
- Тупак Шакур
Поврзано
- Раси и потекло во пописите на населението на САД
- Американски староседелци
- Американци
- Азиски Американци
- Бели Американци
- Хиспаноамериканци и Латиноамериканци
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads