Бремерферде

From Wikipedia, the free encyclopedia

Бремерфердеmap
Remove ads

Бремерферде (германски: Bremervörde) — град во округот Ротенбург, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија. Се наоѓа на реката Осте, близу средиштето на триаголникот создаден од реките Везер и Елба и на подеднаква одделеченост од градовите Хамбург, Бремен и Куксхафен.

Кратки факти Земја, Местоположба на градот Бремерферде во рамките на округот Ротенбург ...

Градот е прогласено одморалиште на ниво на покраината.

Remove ads

Географија

Местоположба

Thumb
Карта на градските единици на Бремерферде

Бремерферсе се наоѓа во средиштето на триаголникот Елба-Везер на реката Осте помеѓу Бремерхафен и Хамбург.

Градски единици

Градот е поделен на градското јадро и составните единици. Кон него припаѓаат Беверн, Елм, Хезедорф, Хенау-Линдорф, Нидер Охтенхаузен, Изелерсхајм, Меедорф, Минштет, Остендорф, Пленјесхаузен и Шпрекенс.[2]

На самото градско јадро припаѓаат следниве:

  • Дански четврт (Dänenviertel)
  • Енгео (Engeo)
  • Фрезенбург (Fresenburg)
  • Гнатенбергсвизен (Gnattenbergswiesen)
  • Хене (Höhne)
  • Индустригебит (Industriegebiet)
  • Иненштат Норд (Innenstadt Nord)
  • Иненштат Зид (Innenstadt Süd)
  • Нојес Фелд и Финкенмор (Neues Feld und Finkenmoor)
  • Шиценпарк и Валкмиле (Schützenpark und Walkmühle)
  • Штатмите (Stadtmitte)
  • Фердер Фелд (Vörder Feld)
  • Форверк (Vorwerk)

Соседни општини

Градот Бремеферде се граничи со следниве општини:

Клима

Повеќе информации Клима на Бремерферде, Долна Саксонија, Показател ...
Remove ads

Историја

Thumb
Поглед на Бремерферде во 1653 г.

До 1111 година, саксонскиот војвода Лотар, подоцна цар на Светото Римско Царство, го изградил замокот Ферде на речниот премин на реката Осте, важен за Волскиот пат, древен пат кој ги поврзувал Јитланд и Вестфалија.

Поради стратешката местоположба помеѓу реките Елба и Везер бил предмет на спорови во следните векови. Подоцна бил под контрола на Хајнрих Лавот и тогаш, во 1219 година, паднало под контрола на Надбискупијата Бремен, служејќи како главен град со седиште на владата и резиденцијата на надбискупот. Собранието се состанувало на други места (обично во Басдал), додека бременскиот каптол го имал своето седиште во градот Бремен.

Морис од Олденбург (1368), служејќи како војводски администратор на Бремен од 1345 година, владеел со надбискупијата од замокот Ферде. Кога новиот надбискуп Алберт II бил прогласен за владетел во 1360 година, се обидел да го тргне, но Морис се забарикадирал во замокот. Дури откако браќата на Алберт, Магнус II, војвода на Брауншвајг и Линебург и Лудвиг, како и свекорот на Лудвиг, Вилхелм II, и нивните трупи ќе го опколат Ферде во јануари 1362 година, Морис ќе потпише повлекување.[3]

Надбискупите довеле за развојот на Ферде. Надбискупот Јохан III (1511), основал болница и амбуланта, обновени во 1576 година од администраторот Хајнрих III, кој исто така придонел за развојот на Ферде како пазарен град.[4]

Администраторот Јохан Фридрих го проширил утврдениот замок со штали и канцеларство (изградени во 1608 г.), каде од 1960 година е сместен музејот „Бахман“ за регионална археологија, геологија и историја од 1985 година. Функцијата на главен град довела да биде именуван како „Бремерферде“ од средината на XVII век. Во 1648 година, надбискупијата била претворена во Војводство Бремен, што најпрвин било владеено во личен сојуз со Шведска. Швеѓаните го преместиле главниот град во Штаде.

Во текот на шведското владеење, данскиот крал Фредерик III Дански го окупирал војводството и ја бомбардирал поранешната резиденција во 1657 година. Во 1682 година, оштетениот замок и црквата, погребно место за многу надбискупи, биле срушени, а блоковите биле пренесени во Штаде за изградба на Шведскиот магацин (Schwedenspeicher) таму. По уште една данска окупација помеѓу 1712 и 1715 во текот на Големата северна војна, Војводството Бремен било предадено на Хановерската династија, која владеела со областа до 1866 година. Во 1823 година, војводството било укинато и неговата територија влегла во областа Штаде.

Remove ads

Политика

Градски совет

Thumb
Градското собрание

Градскиот совет се состои од 32 избрани членови, што одговара за градови со број на жители помеѓу 15.001 и 20.000 жители.[5] Членовите се избираат на општи избори на секои пет години.

На последните општински избори на 11 септември 2016 година биле добиени следниве резултати:

Партија / ЛистаМеста
CDU17
SPD7
проБРБ3
Зелени2
FDP1
NPD1
Левица1

Градоначалник

Градоначалник од 2014 година е Детлеф Фишер (CDU).

Збратимени градови

Бремерферде е збратимен со следниве градови:[6]

Дополнително има договор за пријателство со британскиот град Фалмут во Обединетото Кралство.

Туризам

Бремерферде е крајна точка на „Германскиот пат на фериботите“ воспоставен во мај 2004 година. Овој пат поврзува разни места помеѓу Бремерферде и Кил, кои имаат врска со фериботи и премин на реки, како историските преносни мостови во Остен и Рендсбург.

Познати луѓе

Родени во Бремерферде
  • Дитрих Тидеман (1748-1803) — филолог и филозоф
  • Мартин Грајфенхаген (1928-2004) — политиколог и професор
  • Рајнер Брант (р. 1945) — историчар и писател
  • Доротеја Брант (р. 1984) — пливач
  • Бријан Берент (р. 1991) — фудбалер
Поврзани со Бремерферде
  • Алберт II од Брауншвајг-Волфенбител (1359-1395) — архиепископ на Бремен
  • Јохан Роде фон Вале (1445-1511) — архиепископ на Бремен
  • Хајнрих од Саксо-Лауенбург (1550-1585) — непризнаен архиепископ
  • Бернд Клингнер (р. 1940) — спортист
  • Петер Конке (1941-1975) — спортист
  • Клаус Томфорде (born 1962) — фудбалски тренер и поранешен голман
Remove ads

Галерија

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads