Брестечки манастир
манастир во Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Брестечки манастир — манастир во близина на штипското село Брест.
Remove ads
Местоположба
Манастирот се наоѓа на половина пат кон селото Брест од исклучувањето од регионалниот пат 1204, сместена од неговата десна страна.
Историја
За манастирот нема зачувани писмени споменици, но постоел уште пред доаѓањето на Турците на Балканот. Пред крајот на XIV век бил запален и срушен од турскиот башибозук.[1]
Во периодот помеѓу 1905 и 1915 година, манастирот има своја преродба, кога повторно бил подигнат и обновен на старите темели од семејството Жабојанови од селото Танатарци. Сепак, со текот на времето повторно пропаднал.[1]
По трет пат бил обновен и изграден на истите темели, откако на 5 септември 1993 година бил поставен камен-темелникот. На 15 мај 1994 година била организирана голема свеченост за осветување на манастирот од страна на митрополитот Брегалнички г. Стефан.[1]
Remove ads
Градби во манастирот
Манастирот е составен од една црква, конак, трпезарија и помошни објекти.
Чешмата во кругот на манастирот е изградена во 1928 година, а постарите луѓе тврдат дека студената вода од оваа чешма е лековита и света вода за очи.[1]
Црква „Св. Пантелејмон“
За црквата постојат различни податоци кога била подигната.[2]
Галерија
- Манастирскиот двор
- Влезната порта
- Спомен-плочата на НОБ на чешмата
- Летниковец
- Конакот
- Конакот
- Трпезаријата
- Чешмата
- Помошна градба
- Кујната
- Конакот
- Летниковци
- Манастирскиот двор
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads