Општина Штип
општина во Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Општина Штип — општина во Источна Македонија со седиште во градот Штип.


Remove ads
Местоположба
Општината Штип се наоѓа во средното сливно подрачје на реката Брегалница, во центарот на Источна Македонија. Има површина од 810 км2 на која, според пописот од 2002 година, живеат 47 796 жители. Подрачјето претежно е со планинска и ридска местоположба, со исклучок на Кочанската, Овчеполската и Лакавичката Котлина со долините на реките Брегалница и Крива Лакавица. Просечната висинска разлика, помеѓу планинските сртови и рамнинските предели по теченијата на реките, изнесува 1 300, а средната надморска висина е 250 метри. Општина Штип лежи во средното сливно подрачје на реката Брегалница. Се граничи со седум општини и тоа: Радовиш, Конче, Неготино, Градско, Лозово, Свети Николе и Карбинци, со добра местоположба и патна поврзаност.
Општината се одликува со претежно планински и ридски релјеф, како и умерено-континентална клима, со одредено влијание на изменета средоземна клима. Просечната годишна температура изнесува 12,9 целзиусови степени, а највисоки температури се измерени во август, додека најниски во јануари. Штипската општина претставува исклучително ветровите подрачје, а ветровите дуваат преку целата година, при што општината има дури 270 денови воздушно струење. Сето тоа резултира со претежно чист воздух.[2]
Remove ads
Историја
Археолошките наоди ја потврдуваат исклучително долгата историја на Штип и околината. Така, во околината на Штип се најдени населби од времето на праисторијата, на наоѓалиштата: "Баби", "Фортуна", "Криви Дол" и "Караорман".[3]
Стопанство
Демографија
Во општина Штип, која вклучува 71 населено место и претставува 3,1% од површината на Македонија, живеат вкупно 47 796 жители. Националната структура на општината ја сочинуваат:[4]
Вероисповед | Вкупно |
православни | 42.755 |
муслимани | 3.555 |
католици | 75 |
протестанти | 5 |
останати | 1.406 |
Remove ads
Населени места
Населени места во Општина Штип:
Штип, Балталија, Брест, Врсаково, Горачино, Доброшани, Долани, Драгоево, Едеклерци, Јамуларци, Калапетровци, Кошево, Криви Дол, Лакавица, Лесковица, Липов Дол, Љуботен, Никоман, Ново Село (населба), Ново Село (село), Пенуш, Пиперово, Почивало, Пухче, Сарчиево, Селце, Скандалци, Софилари, Стар Караорман, Степанци, Суво Грло, Судик, Сушево, Танатарци, Тестемелци, Топлик, Хаџи-Реџепли, Хаџи-Сејдели, Хаџи-Хамзали, Црешка, Чардаклија, Чифлик, Шашаварлија и Шопур.
Remove ads
Општествени установи
Самоуправа и политика
Градоначалник на општина Штип е Иван Јорданов од редовите на ВМРО-ДПМНЕ. Тој бил избран на локалните избори од 2021 година за мандат од четири години. Советот на општина Штип е составен од 23 члена. Според последните локални избори од 2017 година, членовите на советот според политичката припадност за мандатот 2017-2021 се:

СДСМ: 12 места
ВМРО-ДПМНЕ: 11 места
Културни и природни знаменитости
Редовни настани
Личности
Култура и спорт
Спорт
- ФК Брегалница (Штип), клубот е оформен во 1921 година. Неколку сезони игра во Првата македонска фудбалска лига, а за време на СФР Југославија има настапувано и во тогашната Втора југословенска лига - исток.
- ФК Астибо, оформен во 1957 година. Има настапувано во Втората македонска Фудбалска лига.
- ФК Бело Брдо, има играно во Втората македонска фудбалска лига.
- РК Теткстилец
- ОК Младост
- БК Балканец
- ППК Шампион ФА — пингпонгарски клуб кој успешно се натпреварува во супер лига на Р Македонија. Клубот е формиран 2012 г.[5]
Remove ads
Иселеништво
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads