Бри (сирење)
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Бри (француски: Brie) — автохтоно полномасно меко сирење што се произведува во домаќинствата во Сена и Марна и Ил-де Франс.
Remove ads
Опис
Сирењето спаѓа во групата на полномасни меки сирења со најмалку 60% маснотии во сувата материја на сирењето[1], просечна тежина од 900 г до 3,2 кг и црвено-кафеава боја. Тоа е едно од најголемите сирења во светот и најпознатото сирење од Франција. Името го добила по францускиот регион од каде што потекнува. Елегантното сирење се одликува со мазна, бела кора за јадење и богата внатрешност. Многу мек и кремаст, бри има благ мирис на амонијак. Бидејќи името „бри“ не е заштитено, постојат многу видови сирење со исто име низ светот, особено во Северна Америка, Германија и Велика Британија. Сепак, секој добар познавач на сирења ќе каже дека францускиот бри е најдобар, особено Brie de Meaux. Произведуван надвор од Париз од 8 век, бри претставува неверојатна сладост и мекост во спој со арома на лешници и овошје. Други видови сирење вклучуваат Бри де Мелен, Бри де Монтеро, Бри де Нанжис.
Remove ads
Сирење во кралските и благородничките кругови
Според преданието, Карло Велики првпат пробал бри во 774 година и веднаш го засакал. Оттогаш, ова сирење е миленик на благородништвото ширум светот. За време на Француската револуција, последната желба на Луј XVI била конечно да проба бри. И така во 1815 г., Виенскиот конгрес официјално го признал бри како „Кралско сирење“ кога за него гласале 30 европски амбасадори. Бри станал познат како roi de fromages (крал на сирењата) и fromages des rois (сирење на кралевите).
Remove ads
Производство
Бри може да се произведува од полномасно или пастеризирано млеко. Откако ќе се добие смесата, сирењето се преместува во калапи (традиционално тоа се прави со црпалка или лопатка, која се нарекува pelle à brie). Калапите се полнат со неколку слоеви сирење каде се цедат следните 18 часа. Откако ќе се извади сирењето од калапот, во смесата се додава Penicillium candidum. Оваа габа создава лесна кора на површината на сирењето и ја омекнува, така што бри на крајот е само малку тврда однадвор. Бри обично старее во визбите најмалку четири недели. Кога е зрело, бри е мек и кремаст внатре.
Купување
При купувањето треба да се изберат тркалезни, рамни сирења не подебели од два сантиметри бидејќи подебелите сирења побрзо созреваат однадвор отколку одвнатре.
Користење во кулинарството
Бри се служи на собна температура. Тенката бела кора се јаде и, по правило, не треба да се отстранува, освен во случаи кога сирењето се служи со вино. Потоа треба да се отстрани белата кора, бидејќи во спротивно светлиот вкус на амонијак може да го расипе вкусот на виното.
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads