Бродечки манастир

манастир во близина на селото Бродец From Wikipedia, the free encyclopedia

Бродечки манастирmap
Remove ads

Бродечки манастирманастир во областа Горна Река, во западниот дел на Македонија. Манастирот се наоѓа на падините на Ничпурска Планина, односно спојот на Шар Планина и Кораб. Од селото Бродец е оддалечен околу 3 км. Посветен е на Света Петка.[1]

Кратки факти Информации, Целосно име ...
Remove ads

Историја

Местото на коешто е изграден манастирот се наоѓа во непосредна близина на извори на лековита вода, каде што во 1960-тите години била изградена импровизирана чешма. Изградбата на манастирот започнала во 2012 година со добротвотни прилози на луѓе кои потекнуваат од крајот и од претпријатија. Манастирот бил завршен во 2015 година и осветен од страна на Митрополитот г. Јосиф на свеченост одржана во август истата година.[1]

Remove ads

Градби

Во склоп на манастирот влегуваат црква и параклис. Параклисот всушност претставува молитвен олтар кој се состои од чешмата од која се верува дека тече лековита вода и икона на Света Петка поставена над чешмата. Во непосредна близина на манастирот, покрај патот кој води до него, има уште една чешма.

Црква „Св. Петка“

Црквата се наоѓа во средишниот дел на манастирот. Таа има четириаголна основа, со осумаголна купола која се издига од средишниот дел на покривот, натстрешница пред влезот на храмот и полукружна апсида на источниот ѕид. Внатрешноста на црквата е фрескоживописана.

Remove ads

Галерија

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads