Црква „Св. Петка“ - Бродец

главна црква на Бродечкиот манастир From Wikipedia, the free encyclopedia

Црква „Св. Петка“ - Бродецmap
Remove ads

Света Петка — манастирска црква на Бродечкиот манастир.

Повеќе информации Местоположба, Општи податоци ...
Remove ads

Историја

Изградбата на црквата започнала во 2012 година и истата била завршена во 2015 година. Храмот бил осветен на 9 август 2015 година од страна на Митрополитот г. Јосиф на свеченост одржана за осветување на манастирот.[1][2]

Архитектура

Црквата е изградена од камен. Таа има четириаголна основа, со осумаголна купола која се издига од средишниот дел на покривот, натстрешница пред влезот на храмот и полукружна апсида на источниот ѕид. На јужната, северната, западната и источната страна од куполата има по една монофора. Ѕидот во внатрешноста на влезниот простор покриен со натстрешница содржи врамена молитва, додека над влезната метална врата има мала фреска со ликот на Света Петка и цветен венец во облик на лак. Над лакот има фреска која го отсликува животворниот извор за кој се верува дека е сместен во непосредна близина на манастирот и на која се прикажани верници како сипаат од лековитата вода која тече од чешма со три шепурки. Црквата е изградена од камен. Внатрешноста на црквата е фрескоживописана, а фрескописот е дело на мајсторот Славко Ѓиноски.[1]

Remove ads

Галерија

Поврзано

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads