Броќови
семејство растенија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Броќови (науч. Rubiaceae), познати и како брошови и бросови — едно од најголемите семејства на цветни растенија, со околу 650 родови и повеќе од 13.000 видови. Името оваа семејство го носи по родот броќ (Rubia). Тука припаѓаат неколку економски важни растенија. Од Rubia cordifolia се добива боја, од видот Morinda angustifolia се користи кората, додека од родот Elaeagia се добива лак кој го користат уметниците. Меѓутоа, сепак најпознати растенија од ова семејство се: кафето (Coffea arabica и Coffea liberica) и Cinchona (од кое се добива лекот кинин). Има и неколку украсни растенија, како Ixora, Gardenia и Mussaeda.
Повеќето од видовите се среќаваат во тропските региони. Неколку видови се присутни и во умерените региони, каде се тревести. Овие растенија се јавуваат најчесто како дрвја и грмушки.
Remove ads
Морфологија
Тоа се многугодишни хемикриптофитни растенија. Листовите се наспрамни, прости и целокрајни. Соцветијата се цимозни. Цветовите се хермафродитни и ретко зигоморфни. Околуцветникот е составен од 4 до 5 чашкини ливчиња и 4 до 5 венечни ливчиња. Столпчето е нежно, додека устенцата се капитатни или повеќеделни.
Машкиот дел од цветот (андрецеум) е изграден од 4 до 5 прашници. Женскиот дел (гинецеум) е претставен со 2 (ретко 1) споени плодни листови. Плодникот е потцветен, ретко натцветен или полупотцветен. Тој е билокуларен со 1 семенов зачеток во секоја локула (комора или окце). Присутни се нектарни дискови над плодникот. Плодот е бобинка, капсула, костелка или шизокарп.
Цветната формула на ова семејство е: или

Цветовите се протоандрични (прво се развива машкиот дел од цветот). Опрашувањето е со помош на инсекти, додека семињата се распространуваат епизоохорно (со животни).
Remove ads
Систематика



Родовите се распоредени во племиња кои од своја страна се сместени во три потсемејства:
|
|
|
Некои автори признаваат и четврто потсемејство - Antirheoideae.
Некои родови
Следните родови на Броќовите се наведени од страна на Вотсон и Далвиц (од делта-класификацијата):
Броќови (Rubiaceae) sensu stricto:
|
|
|
Според Вотсон и Далвиц во Henriqueziaceae Архивирано на 30 ноември 2007 г.:
Според Вотсон и Далвиц во Naucleaceae Архивирано на 30 ноември 2007 г.:
|
![]() |
„Броќови“ на Ризницата ? |
Remove ads
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads