Брутализам

From Wikipedia, the free encyclopedia

Брутализам
Remove ads

Брутализамархитектонски стил кој се појавил кон средината на 20 век (од 1950 до средината на 1970) како дел од Модернизмот во Обединетото Кралство, меѓу проектите за реконструкција на повоениот период.[1][2][3][4][5] Изразот „брутализам“ потекнува од францускиот збор кој го опишува материјалот кој е карактеристичен за овој стил béton brut или натур бетон.[6][7] Шведската фраза nybrutalism, или „нов брутализам“ првпат бил употребен од британските архитекти Алисон и Питер Смитсон за нивниот пионерски пристап кон дизајнот[8][9][10]Британскиот архитектурен критичар Рајнер Банхам го адаптира овој термин нарекувајќи го самиот стил брутализам (или во оригинал Нов Брутализам)

Thumb
Телекомуникациски центар, Скопје
Кратки факти Период, Земја ...

Бруталистичките згради се карактеризираат со минималистички конструкции кои ги прикажуваат голите градежни материјали и структурните елементи над декоративниот дизајн.[11][12] Градбите се одликуваат како масивни градби со изразено потенцирана конструкција и видливи суровини, натур-бетон, и во одредени случаи комбинација од тула и натур-бетон[12][8], како и челик, дрво и стакло.[13] Во времето во кое се појавил од политичката левица бил сметан за „нов хуманизам“, додека пак од политичката десница за „нов епиризам“. Потекнувајќи од модернистичкото движење, се вели дека брутализмот е реакција против носталгијата на архитектурата во 1940-тите[14]. Тој станал многу популарен при проектирање на образовни установи (особено универзитетски згради) како и кај многу владини проекти за колективно домување, шопинг центри, индустриски згради и јавни установи. Негови примери се среќаваат низ целиот свет, во Велика Британија, Франција, Германија, Јапонија, САД, Канада, Бразил, Русија, Израел, Австралија. Во Обединетото Кралство, брутализмот бил прикажан во дизајнот на утилитарните, евтини социјални станови под влијание на социјалистичките принципи и набрзо се проширил во другите региони низ светот, додека бил одгласен со слични стилови како во Источна Европа.[15][11][12][16]

И покрај неговата грубост и навидум недостаток на комфорт, брутализмот младата генерација на архитекти го истоветува со оптимизам, светлина, слобода на израз, особено во поствоениот свет, во кој и се создава. Банхам во еден момент во своите критички текстови се осврнал на брутализмот не само како стил туку и како атмосфера на морална сериозност меѓу архитектите. Во поново време поимот брутализам се користи при опишување на објекти кои датираат од крајот на 20 век, кои се огромни и непопуларни, односно како синоним за нешто што е грубо, брутално, нападно.

Remove ads

Историја

Thumb
Вила Гот (1950).

Терминот „брутализам“[17] бил првично употребен од шведскиот архитект Ханс Асплунд при опишување на објектот Вила Гот сместена во Упсала,[9] проектирана од неговите колеги Б.Едман и Л.Холм во 1949 година[10]. Во оригинал е употребен терминот nybrutalism кој на шведски јазик значи Нов Брутализам. Терминот потоа бил присвоен од британските архитекти Алисон и Петар Симтсон, а станал глобално прифатен после објавување на книгата на британскиот критичар и историчар Рајнер Банхам со наслов Новиот Брутализам: Етика или Естетика? (англиски: The New Brutalism: Ethic or Aesthetic?) во која е анализиран новопојавениот архитектонски пристап при проектирање, конкертно во Европа. Терминот беше откриен во летото 1950 година од група англиски архитекти во посета, вклучувајќи ги Мајкл Вентрис, Оливер Кокс и Грем Шенкланд, каде што очигледно „се рашири како шумски пожар и [беше] последователно усвоен од одредена фракција млади британски архитекти“.[17][18][10]Банхам дополнително ги проширил своите мисли во книгата од 1966 година, „Новиот брутализам: етика или естетика?“, за да окарактеризира неодамна воспоставениот кластер на архитектонски пристапи, особено во Европа.[19]

Најдобри примери за раниот брутализам можат да се видат во работата на швајцарскиот архитект Ле Корбизје, конкретно „Unité d'Habitation“, објект за колективно домување изграден во 1952 година во Марсеј, Франција како и комплексот законодавни објекти изграден 1953 година во Чандигард, Индија. Брутализмот особено зел залет во средината на 20 век во Велика Британија како резултат на поствоената економска депресија и потребата за изградба на нискобуџетни станбени единици, шопинг центри и владини згради. Меѓутоа, брутализмот останал примарен избор на стил и во случаи кога се располагало со големи буџети бидејќи архитектите ја ценале искреноста, скулптуралноста, а најмногу бескомпромисната анти-буржоазиска природа на стилот.

Со социјално прогресивната идеја зад брутализмот видлива кај Корбизјевиот станбен објект, на овој стил се гледа како на позитивна опција за унапредување на модерното урбано живеење.

Remove ads

Особености

Thumb
Телекомуникациски центар ПТТ, Скопје

Новиот брутализам не е само архитектонски стил; тоа е исто така филозофски пристап кон архитектонскиот дизајн, стремеж да се создадат едноставни, искрени и функционални згради кои одговараат на нивната намена, жители и место.[20][21] Објектите препознатливи по овој стил, најчесто се организирани со повторувачки модуларни елементи кои формираат различни функционални зони, јасно артикулирани и групирани заедно во една целина. Бетонот, конкретно натур бетонот е најмногу употребуван како материјал, поради неговата грубост и искреност како контраст на дотогашните елитни неокласицистички стилови кои преовледувале. Леаните бетонски елемнти користени при нивна изградба, се произведени така да е целосно видлива структурата на материјалот. Бетонот кој сам по себе е претежно конструктивен материјал без некоја естетска вредност, наеднаш станува главен декоративен елемент. Покрај него како материјали се користат и тулата, стаклото, челикот, грубо обработениот камен и сл. Иако не сите објекти кои имаат вака видлива бетонска надворешна обработка можат да бидат сместени во овој стил, истите можат да припаѓаат на останатите модерни стилови како Конструктивизам, Интернационален стил, Постмодернизам и Деконструктивизам. Покрај нагласувањето на материјалот и конструкцијата, за овој стил е исто така карактеристично и видливата изложеност на техничките инсталации.

Thumb
Хотел „Термал“ (Thermal) во Карлови Вари, Чешка

Брутализмот како филозофија често е поврзуван со социјалистичката идеологија, која во временската рамка во која истиот се развивал, била поддржувана од страна на неговите дизајнери. Тој е особено застапен кај архитектурата во европските комунистички земји, од средината на 1960-тите до касните 1980-ти години (Југославија, Советскиот Сојуз, Источна Германија, Бугарија, Чехословачка[22])

Брутализмот претставува изразено доминантна архитектура, која дава монументални објекти со еднојазичен израз. Најчесто бил критикуван поради тоа што ги игнорирал околните историски објекти при вклопувањето во контекстот на градот, и додека архитектите биле фасцинирани од неговиот изглед, пошироката публика имала проблем со негово прифаќање.

Remove ads

Брутализам во Македонија

Во чекор со светскиот тренд, во периодот од 60-тите па сè до 80-тите години од минатиот век, и во Македонија се појавиле објекти со препознатливите одлики на брутализмот, особено во периодот по земјотресот во Скопје. Наведени се неколку примери од такви објекти, како и нивните автори:

Thumb
Комплекс Банки, Скопје
Thumb
Студенски дом Гоце Делчев, Скопје


Наводи

Извори

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads