Бугарски споменик (Црничани)
воен споменик кај Црничани, Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Бугарски воен споменик во Црничани — воен споменик во селото Црничани, околу кој се наоѓаат и гробови каде се погребани војници кои загинале во Првата светска војна.
Споменикот бил срушен во 1966 година, додека во 2019 година бил повторно подигнат.
Remove ads
Местоположба
Споменикот се наоѓа непосредно до регионалниот пат 1105, на половина пат помеѓу селата Ѓопчели и Црничани.
Историја
Во 1916 година, во време на Првата светска војна бил подигнат споменикот висок 7 метри во чест на Константин Каварналиев, на местото каде што тој претходно бил погребан.[1]
На 1 август 2019 година, премиерите на Бугарија и Македонија, Бојко Борисов и Зоран Заев, го откриле возобновениот споменик, кој бил уништен во 1966 година.[1]
Покрај главниот споменик, се наоѓаат и гробови на војници од 58. пешадиски полк.
Remove ads
Галерија
- Гробови
- Натписна плоча
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads