Ѓопчели

село во Општина Дојран From Wikipedia, the free encyclopedia

Ѓопчелиmap
Remove ads

Ѓопчели — село во Општина Дојран, во областа Беласица, во непосредна близина на Дојранското Езеро.

Кратки факти
Remove ads

Потекло и значење на името

Името на селото потекнува од турскиот збор ѓокче (kökçü), што означува „продавач на лечебни корени и билки или билјар“.[2]

Географија и местоположба

Thumb
Поглед на селото (во позадина е селото Црничани

Селото се наоѓа во средишниот дел на територијата на Општина Дојран, од десната страна на патот Нов Дојран-Валандово.[3] Селото е ридско, сместено на надморска височина од 320 метри.[3]

Селото се наоѓа во ридски предел на планината Боска.

До селото води асфалтен пат, кој се двои од регионалниот пат 1105.

Стопанство

Атарот на селото зафаќа простор од 8,4 км2, при што преовладуваат шумите со површина од 399,1 хектар, на пасиштата отпаѓаат 280,3 хектари, додека на обработливите површини 131,6 хектари.[3]

Население

Повеќе информации Година, Нас. ...

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Ѓопчели живееле 500 жители, сите Турци.[4]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 100 Турци.[5]

Ѓопчели во 1961 година броело 87 жители, додека во 1994 година бројот се зголемил на 257 жители, турско население.[3]

Според пописот од 2002 година, во селото Ѓопчели имало 155 жители, од кои 151 Турчин, 1 Бошњак и 3 останати.[6]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 116 жители, од кои 1 Албанец, 104 Турци, 1 Бошњак и 10 лица без податоци.[7]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Повеќе информации Година ...
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[8]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[9]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[10]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]
Remove ads

Општествени установи

Thumb
Подрачното основно училиште во селото

Самоуправа и политика

На крајот од XIX век, Ѓопчели било чисто турско село во Дојранската Каза на Отоманското Царство.

Селото влегува во рамките на Општина Дојран, една од малкуте општини кои не биле изменети со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Стар Дојран.

Во периодот 1955-1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата Општина Гевгелија.

Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната општина Дојран, во која покрај селото Ѓопчели се наоѓале селата Николиќ, Нов Дојран, Сретеново, Стар Дојран, Фурка, Црничани и Чаушли. Во периодот 1950-1952, селото било дел од некогашната општина Нов Дојран, во која влегувале селата Ѓопчели, Николиќ, Стар Дојран, Сретеново, Фурка, Чаушли и Црничани.

Избирачко место

Во селото постои избирачкото место бр. 0380 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на основното училиште.[12]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 86 гласачи.[13] На локалните избори во 2021 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 85 гласачи.[14]

Remove ads

Културни и природни знаменитости

Џамии[15]
Езера

Галерија

Поврзано

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads