Бурлатица (Виничани)
археолошко наоѓалиште во Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Бурлатица — археолошко наоѓалиште во велешкото село Виничани. Претставува населба од доцноантичкото време и некропола од раниот Среден век. На 2.5 - 3км источно од селото, лево од современиот пат Скопје-Гевгелија, на површина од 1.5 хектар, во нивите се среќаваат фрагменти од керамички садови, питоси, тегули и градежен материјал. Откриени се и делови од мермерна архитектонска пластика: капители, импости, бази и др. При копањето на каналот за наводнување, точно на местото спроти утоката на Брегалница во Вардар се откриени дваесетина ранословенски гробови со конструкција од камени плочи и со богати гробни прилози. Заштитни ископувања се вршени во 1958 година. Наодите се чуваат во Народниот музеј во Велес.[1]
Remove ads
Поврзано
- Абдови Карпи — населба од римското време;
- Алишовски Пат — некропола од доцноантичкото време;
- Гробовите — некропола до доцноантичкото време;
- Гумења — населба и некропола од римското време;
- Дупен Камен — осамен наод од римското време;
- Ѓургевица — населба од римското време;
- Св. Илија — населба од бронзеното време и утврдена населба од римското време;
- Тумба — некропола од доцен Среден век;
- Црква — средновековна црква и некропола;
- Виничани;
- Список на археолошки наоѓалишта во Велешко;
- Список на средновековни некрополи во Македонија;
Remove ads
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads