Бурушаски јазик
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Бурушаски (урду: بروشسکی) — изолиран јазик зборуван од 112.000 Хунзи (Буруши) во Долината на Хунзите, долината Нагар, долината Јасин, и делови на Гилгит долината во северен Пакистан и Кашмир. Други имиња за јазикот се канџут, верчиквар, буришки.
Денес бурушаскиот јазик содржи многу зборови од урду (вклучувајќи и англиски зборови добиени преку урду) и од соседни дардикски како и коварски и шина јазик, како и нови форми на турски и форми од соседните синотибетски, балти, но оригиналниот лексикон останува во голема мера непроменет. Дардикскиот јазик исто така содржи голем број на позајмени зборови од бурушаскиот.
Постојат три дијалекти, наречени според долините: хунза, нагар, и јасин (исто така наречен и „верчиквар“). Дијалектот од Јасин се мисли дека е со најмалку влијание од јазиците од соседството и е генерално помалку сличен на другите два отколку тие што се меѓу себе.
Remove ads
Блискост со други јазици
Направени се обиди да се воспостави врска помеѓу бурушаскиот и сумерскиот, и кавкаскиот, дравидискиот, и индоевропските[1] јазични семејства; бурушаскиот е исто така дел од дене-кавкаската хипотеза, заедно со енисејски, кавкаски и синотибетски. Сепак, ниеден од овие трудови не задоволила генерално прифаќање. Самиот народ тврди дека се потомци на Александар Македонски и дека јазикот е дел од старомакедонскиот јазик.
Во Република Македонија бурушаскиот јазик се проучува преку напорите на Илија Чашуле.
Remove ads
Поврзано
Белешки
Литература
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads