Урду

From Wikipedia, the free encyclopedia

Урду
Remove ads

Урду (pronunciation, اردو, транс. Urdū, историски Ordu) (исто така познат во родната форма како Лашкари, لشکری[2]) е дел од групата на централните јазици на индоариските јазици. Јазикот е службен во Пакистан еден од 23 службени јазици во Индија. Зборовниот фонд на јазикот се развил на основа на санскритскиот, персискиот, арапскиот и туркиските јазици. Јазикот почнал да се создава за време на султанатот Делхи и Могулското Царство во Јужна Азија[3].

Кратки факти Урду јазик, Изговор ...

Научниците независно го карактеризираат јазикот како стандарден како дел од хиндистанските јазици[4]. Граматичкиот опис на оваа статија е заснован на стандардниот урду јазик. Општо гледано, терминот урду може се однесува кон дијалекти на хиндустански отколку стандардната верзија на јазикот. Оригиналниот јазик на мугалите бил турскиот јазик, но со доселувањето во Јужна Азија го прифатиле персискиот јазик а подоцна и урду јазикот. Името на урду се верува дека доаѓа од турскиот збор ордо. На почетокот се нарекувал Забан-е-орду или јазикот на војската, а подоцна се нарекувал едноставно урду.

Стандардниот урду јазик е еден од дваетсетте најголеми јазици покрај сите јазици. Тој е еден од 23 службени јазици во Индија и е национален јазик на Пакистан.

Урду јазикот често е споредуван со хинди јазикот, другата стандардизирана форма на хиндистанскиот јазик[5]. Главната разлика помеѓу двата јазика е тоа што урду се пишува со писмото насталик и зборовите се под влијание на арапски и персиски јазик[6] додека стандардниот хинди јазик се пишува со деванагари и зборовите се под влијание на санскритски јазик[7][8]. Според одередени научници и јазичари, урду и хинди се два стандарди на еден ист јазик[9] а од друга страна, други ги класифицираат посебно поради социојазичарички причини.[10].

Remove ads

Распространетост

Има околу 60 до 80 милиони говорници на јазикот. Според Ethnologue, Хинди е петтиот најголем јазик во светот[11]. Според статијата на Џорџ Вебстер, Хинди/ урду јазикот е четвртиот најзборуван јазик во светот со околу 4.7% од вкупното светско население веднаш зад кинески јазик, англиски јазик и шпански јазик[12].

Поради сличноста на урду со хинди, луѓето од двете држави можат да се разберат меѓу себе. Поради вакавата состојба лингистите ги ставаат во една група на јазици и ги нарекуваат дијасистем. Покрај јазичаричките сличности, јазиците се различни од аспект на социо-политиката. Исто така, поради теренот каде се зборува, јазиците можат да се поделат на дијалекти.

Во Индија, урду се зборува на места каде има поголем број на муслиманско население или градови кои биле дел од муслимански империи. Така јазикот во Индија се зборува во Утар Прадеш, Делхи, Бопал, Хајдерабад, Бангалор, Калкута, Мајсур, Патна, Аџемер и Ахемдабад[13]. Некои од индиските училишта држат настава на урду јазик. Во Индија постојат над 3.000 публикации на урду од кои 405 се весници.

Во Пакистан, урду се зборува од поголемиот број на урбани жители во државата. Исто така се зборува во сите покраини во Пакистан, покрај фактот дека се зборуваат и различни јазици од урду. Јазикот се изучува до средното образование во сите училишта на Пакистан и тоа довело до зголемување на бројот на говорители на јазикот бидејќи и луѓето што ги зборувале панџаби, паштунски или синди јазиците сега го разбираат урду јазикот. Голем број зборови се воведени во урду јазикот како резултат на регионалните јазици

Thumb
Фразата Забан-е Урду-е Муала напишан на писмото насталик.

Покрај во овие две држави, јазикот се зборува и во:

Remove ads

Службен статус

Урду е еден од службените јазици во Индија[24]

Урду е исто така национален и службен јазик на Пакистан. Јазикот се користи во образованието, литературата, судството итн. Покрај тоа што има многу јазици во Пакистан, урду е лингва франка во државата.

Дијалекти

Урду има четири дијалекти: дахини, пинџари, рехта и модерен урду заснован на хариболи дијалектот. Социојазичарите го сметаат урду како еден од дијалектите на хинди-урду дијасистемот[25].

Дахини се зборува во регионот декан во јужна Индија. Тој се разликува поради мешавината на зборови со маратски и телугу јазиците како и со арапскиот, персискиот и турскиот јазик. Кога станува збор за изговорот, најлесно се позната кога се изговара буквата "qāf" (ﻕ) како "kh" (ﺥ).

Модерниот урду јазик е форма на јазикот што се зборува околу Делхи и е дијалект што ги изгубил арапските и персиските зборови.

Азбука

Повеќе информации Буква, Име на азбука ...
Remove ads

Фонологија

Повеќе информации Двоуснени, Уснено-забни ...

Зборовен фонд

Урду има богат зборовен фонд со потекло од хинди и од јазиците околни на Пакистан, така има зборови со арапско и персиско потекло. Исто така има и мал број на зборови од турско, португалско и англиско потекло. Повеќето позајмени арапски зборови имаат различно значење одошто правилното оригинално значење.

Примери

Повеќе информации Македонски, Урду ...
Remove ads

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads