Бутаритари

From Wikipedia, the free encyclopedia

Бутаритариmap
Remove ads

Бутаритари (гилбертански: Butaritari), претходно познат како Макин, Пит, Таритари или Тачинг, е атол во Кирибати. Атолот е дел од островската група Гилбертски Острови.

Thumb
Сателитска снимка на атолот.
Thumb
Карта на Бутаритари.
Thumb
Поврзаноста на Танимајаки и Кеуеја.
Thumb
Карта на Гилбертовите Острови.

Географија

Бутаритари се наоѓа југоисточно од Макин. Бутаритари бил наречен Макински Атол од Американската Армија, додека Макин бил познат како Макин Меанг или Мал Макин. Бутаритари има површина од 13.6 км2 и население од 4.200 жители според податоците од 2002 година. Просечната ширина и должина на островот е 30, односно 15 километри. Поголем дел од гребенот од кој е составен атолот е под вода и поделен е на неколку канали. Во близина на атолот има неколку многу мали островчиња. Лагуната на атолот е многу отворена и истата е длабока. Бикати и Бикатиета се помалите острови кои се наоѓаат во северозападниот дел од атолот, додека поголемиот е Бикати. Главното село на атолот е Бутарутари и има население од 2000 жители.

Remove ads

Населени места

Бутаритари е дом на следните населени места: Бутаритари, Кеуеа, Танимајаки, Кума и Текабетете.

Поврзано

Надворешни врски

3°10′04″N 172°49′33″E

Remove ads
Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads