Бучишта (Велмеј)

археолошко наоѓалиште во Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia

Remove ads

Бучиштаархеолошко наоѓалиште во охридското село Велмеј, Општина Дебрца. Претставува населба со некропола од доцноантичко време и старохристијанска базилика.

Повеќе информации Основни податоци ...
Remove ads

Местоположба

Се наоѓа на околу 3 км северозападно од селото, на просторот во близината на крстосницата од меѓуселските патишта Горно Велмеј-Горно Средоречие-Оздолени. Претставува издолжена тераса која кон запад постепено се спушта кон Средоречко Поле. Северозападно од оваа положба на наоѓалиштето се издига планината Зла Страна, северно е Пашина Горица, а источно врвот Попски Лазој.[1]

Опис и наоди

По површината се среќаваат купишта камења, фрагменти од градбена керамика и керамички садови од античкото и доцноантичкото време, па и од раниот среден век. По средината на теренот, во правец североисток-југозапад, од поројниците е создаден трап во кој и денес се забележуваат остатоци од ѕидови кои образуваат четвртеста просторија (дел од терми, хипокауст — според В. Лахтов) и многуброен керамички градбен материјал (тули со дебелина до 5 см).

Околу 20 м јужно од оваа просторија, во трапот се забележуваат остатоци од уште еден ѕид во правец исток-запад. На околу 100 м источно од трапот се наоѓа мало бунарче — денес чешмиче во чија близина, северно, на просторот од нивата на Велјан Нечески од истото село е регистрирана некропола. Гробови со насоченост север-југ се забележани и во нивите на сожителот Јонче Пашоски. Во еден од гробовите биле најдени железни предмети (клешти, длета и др., според В. Лахтов). Во непосредната близина се наоѓа и месноста Црница каде што на просторот од нивата на Војне Николоски се пронајдени урнатини од старохристијанска црковна градба со поголеми димензии. Сето тоа зборува за моќна доцноантичка населба со значајни јавни и сакрални градби.[1]

Remove ads

Поврзано

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads