Клешта
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Клешта — рачен алат што служи за фаќање, стегање, виткање или вадење.[1] Се состојат од два вкрстени метални дела (лостови) споени во стожер. Спојката е поблиску до едниот крај, и така образува „челуст“. Подолгиот дел служи како рачки. Ваквата поставеност дава механичка предност, зголемувајќи ја сила на зафатот и задржувајќи ја во едно место.
Постојат многу видови клешти за поединечни намени. Некои се предвидени за сечење и извлекување, додека пак други се погодни за стегање и фаќање.
Remove ads
Историја

Ова орудие е мошне прост изум, и веројатно настанало независно на повеќе места. Го користеле ковачите и леарите неколку милениуми пред нашата ера. Почнаел да се изработуваат од бронза веројатно околу 3000 г. п.н.е.[2] Во античката митолгија, богот Хефест е претставен како ковач што користи клешти во работата.[3] Со развојот на технологијата се појавиле разни видови клешти: потковичарски, за жици, водоводџиски, електричарски, филигрански итн.
Remove ads
Изглед и материјали
Основниот изглед на клештата се нема изменето уште од самите почетоци: две рачки, стожер (нитна) и глава со „челуст“ за стегање или сечење.
Денес клештите се изработуваат претежно од челик и легури со ванадиум или хром за да се зајакнат и да се спречи корозија. Рачките се облагаат со гума или пластика за добар фат и изолирани за заштита од струен удар. Челуста во голема мера се разликува по облик и големина, од мали шилести и тенки за фина електроника до најгломазни за стегање на големи цевки. Обично е назабена со црти за да нема пролизгување.
Посебен вид на клешти се клештите-секачи што служат исклучиво за пресекување на жици, тенки плочки, ламинат и др. Помали сечила редовно се среќаваат и кај мотоцанглите. Други наменски вид на клешта е соголувачот, кој е наменет за отстранување на изолација од жици.
Во јувелирскиот занает и изработката на музички инструменти, клештите се направени од помек материјал (алуминиум, месинг, пластика во челуста) за да не се општетува предметот.
Remove ads
Видови клешти
- Пумпна клешта
- Клешта-секач
- Мотоцангла
- Зашилена клешта - шпицангла
- Клешта-прекинувач
- Клешта за соголување и сврзување
- Голема спојувачка клешта
- Прекинувач и спојувач со секач за завртки
- [Грип клешта
- Клешта за еластични прстени
- Клешта со заоблен врв за правење јамки на жици
Поврзано
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads